Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како побрзо и полесно да ги излупите печените пиперки, а еве и рецепт за вкусен ајвар готов за половина час
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Како побрзо и полесно да ги излупите печените пиперки, а еве и рецепт за вкусен ајвар готов за половина час
Магазин

Како побрзо и полесно да ги излупите печените пиперки, а еве и рецепт за вкусен ајвар готов за половина час

Објавено 18/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Домаќинките започнаа да ги подготвуваат омилените зимници за своите семејства, а една од нив секако е популарниот ајвар. Иако му е време за правење, сепак не е лесно да се направи, особено не е лесно да се излупат пиперките за кои во зависност од количината, некогаш е потребен и цел ден да се подготват.

Ви пренесуваме неколку трикови за полесно лупење на печените пиперки, како и рецепт за брзо подготвување ајвар од сечкани пиперки, чиј вкус ќе ве воодушеви.

Доколку не сте го подготвиле ајварот за зимската сезона, добро е да знаете дека има полесен начин како да се подготви и побрзо да се свари ајварот.

Еден од најлесните начини да ја отстраните лушпата од печените пиперки е да ги ставите во пластична кеса и да ја врзете, да ја оставете да отстои неколку минути. Кога ќе ја отворите кесичката, лушпата многу полесно ќе се излупи.

Друга опција е да ги замрзнете печените пиперки
Кога ќе ги извадите од фрижидерот, ставете ги под млаз топла вода неколку секунди и веднаш излупете ги. Дополнително, ако печените пиперки ги покриете со проѕирна фолија, салфетка или крпа веднаш откако ќе ги извадите од рерна или ги ставите во тенџере и ги покриете со капак, по околу 15 минути ќе можете да ги излупете без проблем.

Со покривање на пиперките се создава пареа, која ѝ помага на лушпата да се одвои.

Рецепт за ајвар од сечкани пиперки
Состојки:
15 кг пиперки
2 кг модар патлиџан
1,5 дл масло
1 дл оцет
2 главици кромид
2-3 китки магдонос
сол
малку шеќер

Подготовка
Пиперките испечете ги ден претходно и оставете ги да се исцедат. Излупете ги наредниот ден и исечете ги по желба, поситни или покрипни парчиња. Потоа ставете ги поголемо тенџере, додадете ги и излупените и сечкани модри патлиџани и варете ги на силен оган додека смесата не стане густа. Додадете масло, сол, шеќер, исечкан кромид и магдонос.

Мешајте половина час и готовиот ајвар спакувајте го во стаклени тегли, затворени со капачиња и чувајте го на темно и ладно место.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:ајваризлупитепиперкипобрзополеснорецепт
Претходен напис Село во Швајцарија нуди 58.000 евра на оној кој ќе се досели: Ова се условите
Следен напис Намалени приносите на сончоглед поради климатски промени во кумановско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?