Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Првите комбајни влегоа во нивите во Кочанско, почна жетвата на оризот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Првите комбајни влегоа во нивите во Кочанско, почна жетвата на оризот
Агровести

Првите комбајни влегоа во нивите во Кочанско, почна жетвата на оризот

Објавено 13/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Комбајни и земјоделска механизација денеска влегоа во нивите во Кочанско, со што го означија почетокот на жетвата на оризот од овогодишната реколта.

Првите количини оризова арпа се собраа на површините на компанијата „БМФ“ во атарот на Зрновци, а оризопроизводителите искажаа оптимизам од квалитетот и приносот на родот.

-Денеска го ожнеавме првите неколку хектари во месноста Герен и според првичните проценки приносот е за петнаесетина отсто поголем од лани, а исто така и квалитетот на зрното е многу подобар. Водата за полнење на нивите беше пуштена навреме и ги засеавме во средината на април со сортата опале, па токму во оптималниот рок стартуваме со прибирање на производството. Зрното има влажност од околу 25 отсто, што влијае врз намалување на загубите при жетвата, по што ќе следи третман во сушара за да се добие оптималниот квалитет за преработка и складирање, истакна Марјан Ангелов, директор на компанијата „БМФ“.

Од водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани, која стопанисува со хидросистемот во источниот регион, нагласија дека наводнителната сезона успешно е реализирана и завршена, со зголемување на површините со ориз за над една четвртина во споредба со првичните проценки.

-Водата во оризовите ниви оваа сезона ја пуштивме на 10 април и точно по пет месеци почна жетвата на оризот, што е за околу две недели порано во однос на минатата година. Со добро планирање и распоред на наводнувањето во текот на летниот период, обезбедена е нормална вегетација на растението кое веќе е созреано и може да се собира, а присуството на комбајните во нивите е потврда за тоа. Наскоро очекуваме жетвата да почне и во атарите на другите села во кочанскиот, но и во виничкиот регион, истакна Благојчо Богатинов, раководител на водостопанската подружница „Брегалница“.

Годинава на полињата што се наводнуваат од хидросистемот „Брегалница“ беа засеани околу 3.500 хектари со ориз, од кои според просечниот принос се очекува да се соберат над 22 илјади тони оризова арпа.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:жетватакомбајникочансконивитеоризот
Претходен напис Премиерот го потврди пакетот антикризни мерки за најранливите категории, најави ригорозни мерки за зголемените малопродажни цени
Следен напис Бектеши: Ќе се забрани акциска и промотивна продажба во маркетите до 30 ноември, следува замрзнување на цените во прехранбената индустрија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?