Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Монструозни се обвинувањата на Анима Мунди за еутаназијата на свињите во Таринци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Монструозни се обвинувањата на Анима Мунди за еутаназијата на свињите во Таринци
Агровести

АХВ: Монструозни се обвинувањата на Анима Мунди за еутаназијата на свињите во Таринци

Објавено 07/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Монструозни се обвинувањата на здружението за заштита на животните Анима Мунди дека на милост и немилост, без храна, вода и елементарни услови за живот се оставени свињите од фармата во село Таринци, Општина Карбинци, каде е во тек спроведувањето мерки за еутаназија согласно донесените решенија за справување со болеста африканска чума кај свињите, која беше потврдена на фармата. Како одговорна институција и за благосостојбата на животните, вклучително и за оние кои се опфатени со овие мерки и кои треба да бидат еутаназирани, најодговорно тврдиме дека во соопштението на здружението се изнесени лаги, реагира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, еутаназијата на животните се спроведува по највисоки стандарди и строго дефинирани процедури, во присуство на официјални ветеринари под чиј надзор се преземаат сите активности, почнувајќи од утврдување на здравствената и благосостојбата на животните кои треба да се еутаназираат, па се до преземањето на мерките за нештетно отстранување на убиените животни на фармата.

-Најодговорно тврдиме, животните кои треба да се еутаназираат не се оставени сами да умрат како што грубо се тврди во соопштението. Согласно одредбите на Законот за заштита и благосостојба, на фармата во Таринци се врши редовен дотур во силосите за исхрана, животните се снабдени со доволни количини питка вода и сместени во соодветни објекти кои се добро проветрени и осветлени. Во услови на справување со епидемија, изнесувањето на вакви невистини и манипулирањето со јавноста не оди никому во прилог и е за најголема осуда, наведува АХВ во реакцијата. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Анима МундиахвМонструозниобвинувањаТаринци
Претходен напис Александра Петровска Кулевска – „Секој предизвик значи можност за уште поголем развој на брендот наречен СН Осигурителен Брокер!“
Следен напис Синдикалната минимална кошница за август 49 345 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?