Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како до нов трактор преку ИПАРД 3? Проверете дали ги исполнувате условите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Како до нов трактор преку ИПАРД 3? Проверете дали ги исполнувате условите
АгровестиЈавни огласи и повици

Како до нов трактор преку ИПАРД 3? Проверете дали ги исполнувате условите

Објавено 04/09/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јавниот повик за мерка 1 од новата ИПАРД III програма овозможува кофинансирање во вид на неповратен грант во износ од 60% од вредноста на нов трактор и/или приклучна механизација. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) официјално ги објави деталите од новиот јавен повик кој е отворен за аплицирање до 1 ноември 2023 год.

Кој може да аплицира

Земјоделски стопанства кои може да аплицираат се:

  • Семејно земјоделско стопанство претставувано од физичко лице
  • Индивидуален земјоделец (ИЗ)
  • Земјоделско стопанство претставувано од правно лице

Земјоделското стопанство треба да биде регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) кој го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Покрај земјоделските стопанства, на јавниот повик за мерка 1 може да аплицираат и:

  • Задруги
  • Здружени правни лица (за колективни инвестиции) кои се контролирани од земјоделски производители)
  • Правни лица со најмногу 250 вработени, односно микро, мали и средни претпријатија (МСП)

НАПОМЕНА: Во случај корисникот претходно да користел ЕУ поддршка за трактор, не може дополнително да аплицира за инвестиција во трактор во рамките на ИПАРД III Програмата. Ова ограничување не се однесува на земјоделските задруги и здружени правни лица.

За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 225 345
или испратете e-mail на [email protected]

Каков трактор може да се купи

Набавката на трактор треба да биде во согласност со горната граница за моќност во киловати согласно регистрираниот производствен капацитет на земјоделското стопанство.

  • Земјоделски производители – според регистрираната површина во хектари.
  • Сточари – според регистрираните добиточни единици (ДЕ)

ТИП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВОГОЛЕМИНА (ha)ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ (kW)
Овошје и лозје1-1060
10-5080
над 50100
Зеленчук0.3-140
1-1060
10-5080
над 50120
Житни и индустриски култури1-1080
10-50110
над 50150
ТИП НА СТОЧАРСКО ПРОИЗВОДСТВОГОЛЕМИНА (ДЕ)
(добиточни единици)
ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ (kW)
Говеда за тов и млечни крави10-2060
20-5080
над 50100
Свињи8-10060
100-50080
над 500100
Овци/кози10-5080
над 50100
Живина10-14060
140-140080
над 1400100

Еден корисник може да набави еден трактор.

Прифатливи се набавки на трактори кои исполнуваат ЕУ стандарди кои се однесуваат на заштита на животната средина, особено во однос на границите на емисиите на гасови и загадувачки честички (Регулатива (ЕУ) бр. 167/2013), односно прва еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 5 согласно Законот за возила.

Висина на финансиска поддршка

Вкупната финансиска поддршка која се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци.

Процентот ќе се зголеми до:

  • 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области (согласно Листата на планински области)
  • 70% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и/или земјоделски стопансва кои се сертифицирани како органски за предметната инвестиција

Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција за оваа мерка не може да биде пониска од 20.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи ДДВ.

За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 225 345
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

БОРЧЕ СЕРАФИМОВСКИ од ЗНАМ ќе биде новиот министер за земјоделсто
Министерство за енергетика: Новиот закон за обновливи извори е реформа што ја менува енергетската иднина на Македонија 
Јуфките од дојранската “Јуфкијада” донирани за трпезите на ранливите семејства од регионот
УЈП одржа шест работилници за е-фактура со поголеми даночни обврзници
Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанство
Таг:земјоделски стопанстваземјоделциИПАРДнеповратен гранттрактор
Претходен напис АХВ потврди дека погодна локација за еутаназирање на 9 000 свињи е во атарот на карбинското село Таринци
Следен напис Променливо облачно и ветровито
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?