Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Родот на тутунот намален за 30 до 40 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Родот на тутунот намален за 30 до 40 отсто
Агровести

Родот на тутунот намален за 30 до 40 отсто

Објавено 03/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 За 30 до 40 отсто е намалена годишната реколта тутун. Климатските промени, дождот во време на садење, сушата пред берба и во раст на родот, го зедоа данокот. Родот е квалитетен, но количините се малку.

– Во тек е бербата на тутунот. Иако календарски е на половина, во некои реони е при крај затоа што нема доволно количества тутун. Пролетта, и во садењето, имаше многу дождови кои предизвикаа многу болести на тутунот. Потоа го фати суша која си го направи своето и оваа година имаме одличен квалитет на тоа што е произведено, но килажата ќе биде многу помала во споредба со лани. Иако тутунот се насади на поголеми површини, сепак родот е помал, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

На намален род се жали и долгогодишниот тутунопроизводител Драге Касниоски од Големо Коњари, Прилепско. Како и лани, има 15 декари со тутун, ама производството е преполовено. Временските прилики, со дожд при садењето и жештини при растот, го намалија родот. Голем проблем е и наводнувањето.

– Лани ако од 15 декари имав три тона, годинава се околу тон и половина. Немаме вода. Хидросистемот не стигнува до нас, иако вештачкото Прилепско езеро годинава е полно. Ако сакаме да го задржиме тутунопроизводството, зашто младите не сакаат да го работат, треба државата и Министерството за земјоделство да нѝ овозможат да имаме дупчења за вода. Мора да се наводнуваат површините, зашто со овие временски промени ништо не правиме, вели Касниоски.

Сојузот на земјоделските здруженија смета на поддршка од Министерството за земјоделство и на конструктивен дијалог со откупувачите за повисока цена на тутунот, поради инфлацијата, зголемените трошоци за репроматеријалите и нискиот стандард на живот.

– Очекуваме поддршка од Министерството за земјоделство како и досега за повисоки цени на тутунот. Продолжуваме со барањето за повисоки цени на тутунот кои ќе ги следат состојбите.  Тоа е важно за да ја задржиме рентабилноста на тутунопроизводството во земјава, вели претседателот на Сојузот на земјоделски здруженија Стомнароски.

Годинава, со откупните претпријатија се потпишани 29 400 договори за 26 600 тони тутун.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:намаленродоттутун
Претходен напис Во Србија запрено ширењето на африканската свинска чума
Следен напис Стартува новата ИПАРД 3 програма наменета за модернизација на земјоделството во вредност од 97 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?