Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 181-та владина седница: Проект „50 села, 50 приказни” за социо-економски развој на селата и на руралниот туризам
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 181-та владина седница: Проект „50 села, 50 приказни” за социо-економски развој на селата и на руралниот туризам
Агровести

Од 181-та владина седница: Проект „50 села, 50 приказни” за социо-економски развој на селата и на руралниот туризам

Објавено 29/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за формирање работна група за Реализација на проектот „50 села, 50 приказни” и донесе Решение за формирање на работна група.

Проектот има за цел интегриран рурален развој. Ги таргетира селата со потенцијал за агротуризам, рурален туризам, социо-економски развој, културно наследство. А, очекувањата од проектот се: зголемен број туристи; ревитализација на туристичката инфраструктура  во руралните средини; зголемен број туристички инвестиции во руралните подрачја; промоција на алтернативни форми на туризам како: агротуризам, авантуристички туризам, гастротуризам, етно туризам, екотуризам, ловен туризам и слично; намалување на иселувања од овие рурални места.

Проектот, како што е објаснето од кај предлагачот, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, има три развојни компоненти: фокус кон подобрување на јавната инфраструктура; економски развој преку подобрување на туристичкиот потенцијал во руралните средини, поддршка за локални производи и услуги, локални саеми и создавање повеќе работни места и развојот на човечкиот и социјалниот капитал, преку поддршка на рурални мрежи, граѓанското општество, обука на населението за локални водичи, заштитата на културното наследство, обичаите и традициите и руралното живеење.

Главната цел е заинтересираност за развој на туризмот во државата и привлекување македонски граѓани кои емигрирале во странство, да инвестираат во руралниот туризам во своите родни села и на тој начин намалување на иселувањето на младите и креирање зелени работни места.

Временска рамка на проектот е четири години, почнувајќи од оваа година, до 2026 година.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Битиќиприказнирурален туризамселатаргетфармерски
Претходен напис (ФОТО) За првпат во Крива Паланка „Фестивал на храна“ со над 70 изложувачи: Kривопаланечки симит, вино, мед…
Следен напис Сончево со умерена облачност, на запад можен краткотраен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?