Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ во вториот квартал на 2023 оствари трговски суфицит од една милијарда евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ во вториот квартал на 2023 оствари трговски суфицит од една милијарда евра
Агровести

ЕУ во вториот квартал на 2023 оствари трговски суфицит од една милијарда евра

Објавено 28/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По шест последователни квартали на дефицит, трговскиот биланс на ЕУ во второто тримесечје од оваа година бележи суфицит од една милијарда евра, пред се благодарение на падот на цените на енергенсите, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат.

Според податоците на Евростат, извозот од ЕУ во вториот овогодишен квартал се намалил за два отсто, а увозот за 3,5 проценти, што резултири со остварениот суфицит. Во вториот квратал лани ЕУ заебележа дефицит во трговската размена од 155 милијарди евра, што претставуваше највисоко ниво на дефицит од 2019 година.

Како што јави специјалниот исвестувач на МИА од Брисел, намалувањето на обемот на увозот во вториот квартал од 2023 година се должи на намалувањето со цените на енергенсите за 15,6 отсто и на суровините за 10,9 проценти споредено со првото тримесечје од годинава. 

Во делот на извозот, најголемо намалување има во секторот енергија за 22,5 отсто и во сферата на суровините од 9,3 проценти. Инаку, пад на извозот во периодот април – јуни 2023 година се бележи во сите сектори во ЕУ, освен во секторот машини и возила, каде е остварен раст од 2,5 отсто. 

Во овој сектор трговската размена се зголеми трет квартал по ред и достигна 52,4 милијарди евра, што сепак се уште е далеку од рекордната вредност од 60,7 милијарди евра остварена во првото тримесечје во 2019 година.

Гледано по сектори, во вториот овогодишен квартал најголем трговски суфицит ЕУ оствари во секторите хемикалии од 48,5 милијарди евра и храна, пијалоци и тутун од 15,6 милијарди. Во секторот енергија пак се бележи намалување на дефицитот од 115,3 милијарди евра во првиот на 100,0 милијарди евра во вториот квартал од годината. 

МИА

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:еумилијарда евратрговски суфицит
Претходен напис До 18 септември е отворен повикот за Мерка 3 од ИПАРД 2: Набавка на нова технологија, машини, ладилници и друга опрема – На располагање нови 8,8 милиони евра
Следен напис (ВИДЕО) Силно невреме ја зафати Словенија: Поплавени улици, паднал град со големина на јајце
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?