Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Финансиска поддршка за продадени количини на домат, пипер и краставица произведени под контролирани услови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Финансиска поддршка за продадени количини на домат, пипер и краставица произведени под контролирани услови
АгровестиСубвенции

Финансиска поддршка за продадени количини на домат, пипер и краставица произведени под контролирани услови

Објавено 25/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дадениот збор на министерот Николовски на средба во месец април со претставниците на домашните производители на раноградинарски култури со оранжериско производство е исполнет. Како што тогаш вети министерот Николовски преку Интервентната програма е креирана мерката за нивна поддршка со која ја надоместуваме разликата помеѓу производната и продажна цена, како резултат од владината одлука за замрзнувањето на цените за овошјето и зеленчукот.

Владата на последната владина седница на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство усвои нови три мерки од Интервентната програма за 2023 година.Мерка за финансиска поддршка за продадени количини на домат, пипер и краставица произведени под контролирани услови е третата нова мерка во Интервентната програма за 2023 година, покрај претходните две мерки за поддршка на производителите на пченица под контролирани услови и мерката за дополнителна поддршка од 3 денари по килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен.Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се производители на домат и краставици во затворени простории за производство во контролирани услови и кои имаат поднесено барање по подмерка 1.6.

„Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за производство под контролирани услови на домати, пиперки и краставици“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство за 2023 година.Висината на финансиската поддршка од оваа мерка изнесува  35 денари по килограм за домат кој е произведен и продаден во период од 5 април до 31 мај 2023 година и 30 денари  по килограм за краставица која е произведена и продадена во период од 5 април до 15 мај 2023 година.

Со буџет од 317 милиони денари оваа година креиравме отворена Интервентната програма, преку која излегуваме во пресрет на секој еден земјоделец, креирајќи навремено мерки за поддршка.Како министерство остануваме посеветени во креирањето на мерки за секој еден земјоелец и поддршка и развој на македонското земјоделство. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделцимзшвНиколовскисубвенции
Претходен напис Република Северна Македонија е на 13 место во светот по девизен прилив од вино според податоците на World Top Export
Следен напис Раст на трговијата со земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?