Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Три нови мерки за поддршка на производителите на пченица, јачмен и градинарски култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Три нови мерки за поддршка на производителите на пченица, јачмен и градинарски култури
Агровести

Три нови мерки за поддршка на производителите на пченица, јачмен и градинарски култури

Објавено 22/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Три нови мерки за поддршка на производителите на пченица, јачмен и градинарски култури донесе Владата на денешната седница. Мерките ќе се реализираат преку Интервентната програма, а предвидуваат по три денари за килограм остварено и предадено или складирано производство на пченица, по три денари за килограм произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен, по 35 денари за килограм домат произведен и продаден од 5 април – 31 мај, како и по 30 денари поддршка за краставици произведени од 5 април – 15 мај кога важеше одлуката за замрзнување на цените.

Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, целта е да им се помогне на земјоделците.

-Првата мерка се однесува на 3 денари по килограм финансиска поддршка до земјоделците, за остварено и продадено или складирано производство на пченица. Корисници се земјоделските стопанства кои имаат поднесено барање за подмерката директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури и кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица, а оствареното производство го имаат прoдадено или складирано пченица кај регистриран откупувач или за потребите на сопствениот преработувачки капацитет во период од 15 јуни до 31 август 2023 година, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Максималната прифатлива количина на пченица е 5.000 килограми по пријавен хектар, информира Николовски.

Корисници на финансиска поддршка од три денари по килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање за директни плаќања за произведен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски и градинарски култури и кои се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал, кои имаат произведен семенски материјал во 2023 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифицирано семе од прва и втора генерација на пченица и јачмен.

-Кај оваа интервентна мерка прифатлива количина за сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен, се количините наведени во сертификат за конечно сертифицирано семе од реколта 2023 година, рече министерот. 

Корисници на поддршката за продадени количини домат и краставица произведени под контролирани услови се  производители на домат и краставици во контролирани услови и кои имаат поднесено барање за дополнителни директни плаќања. 

Николовски потсети и дека претходно беше донесена одлука за дополнителни 12 000 денари поддршка за јачменот за принос над три тони.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:денаријачменмеркимзшвсубвенциицени
Претходен напис Сто милиони евра поддршка од ЕБОР за побрза и полесна транзиција кон „зелената“ агенда
Следен напис Николовски: Мелничарите да ги кажат аргументите за поскапувањето на лебот, купија суровина за 11, а не за 20 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?