Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сто милиони евра поддршка од ЕБОР за побрза и полесна транзиција кон „зелената“ агенда
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сто милиони евра поддршка од ЕБОР за побрза и полесна транзиција кон „зелената“ агенда
Агровести

Сто милиони евра поддршка од ЕБОР за побрза и полесна транзиција кон „зелената“ агенда

Објавено 22/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поддршка во финансирањето на трошоците за унапредување на производниот процес, инвестиции во нови обновливи извори на енергија и одржување на веќе изградените централи од обновливи извори, е целта на заемот вреден 100 милиони евра што го обезбеди ЕБОР за АД ЕСМ.

Договорот за заемот беше потпишан денеска во Министерството за финансии.

Заемот е со рок на отплата пет години, со грејс период од шест месеци и со варијабилна каматна стапка на шестмесечен ЕУРИБОР со маргина од еден отсто. Компанијата ќе биде корисник на средствата и ќе ги сервисира сите обврски, а државата ќе дава гаранција.

Како што истакна министерот за финансии Фатмир Бесими пред потпишувањето на Договорот, Владата со ова уште еднаш покажува дека има сериозен пристап во справувањето со енергетската криза.

-Денес се обезбедуваат дополнителни 100 милиони евра, поддршка за ЕСМ. Се олеснува состојбата зашто 100 милиони евра нема потреба да се дадат од Буџетот, рече Бесими.

Тој потсети дека од 2020 – 2022 година Владата реагираше брзо за справување со кризите и одвои околу две милијарди евра. Во 2023 година, пак, нагласи Бесими, за поддршка на граѓаните и стопанството се предвидени 225 милиони евра.

-Овие 100 милиони евра од ЕБОР се плус планираните 225 милиони, потенцира Бесими.

Според директорот на ЕСМ, Васко Стефанов кој се заблагодари за поддршката од ЕБОР, АД ЕСМ продолжува да се движи кон „зеленото сценарио“.  

-Планирани се повеќе проекти кои сериозно ќе влијаат земјава да биде енергетски независна. Поддршката и соработката со институции како ЕБОР се од клучно значење и ќе придонесат за побрза и полесна транзиција кон „зелената“ агенда со заложба за транзиција кон чиста енергија која има цел намалување на стакленичките гасови за 61 процент, потенцира Стефанов.   

Освен Договор за заем, во Министерството за финансии беше потпишан и Договор за гаранција меѓу Република Северна Македонија и ЕБОР.

На потпишувањето на договорите присуствуваа министерот Бесими, директорката на ЕБОР за Југоисточна Европа, Шарлот Руе и директорот на ЕСМ Стефанов.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бесимиеборевраесммилиониподдршка
Претходен напис Опитно поле – ФЗНХ: Имаме климатски услови кои одговараат за одгледување на фстаци
Следен напис Три нови мерки за поддршка на производителите на пченица, јачмен и градинарски култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?