Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонскиот амбасадор во НАТО, Талески ја посети компанијата „Везешари“ – можностите за економска соработка и пласман на производи и услуги на НАТО силите се големи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонскиот амбасадор во НАТО, Талески ја посети компанијата „Везешари“ – можностите за економска соработка и пласман на производи и услуги на НАТО силите се големи
Агровести

Македонскиот амбасадор во НАТО, Талески ја посети компанијата „Везешари“ – можностите за економска соработка и пласман на производи и услуги на НАТО силите се големи

Објавено 15/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во работна посета на компаниите „Везешари“ и „Лекер’ беше Неговата Екселенција Дане Талески, Амбасадорот на Република Северна Македонија во НАТО во придружба на Министерот советник во Постојаната делегација на Северна Македонија во НАТО господинот Исмаил Ебипи – информираат од компанијата и додадаваат дека при посетата се разговарало за тековното работење на компаниите, производствените процеси, имплементираните стандарди за квалитет и безбедност на храната, тековните инвестиции и понатамошните планови за развој. Посебно внимание се даде на можностите за економска соработка и пласман на производи и услуги на НАТО силите.

Со членството на Република Северна Македонија во НАТО – Алијансата и по усогласувањето на домашното Законодавство, домашните компании имаат можност да учествуваат на набавките објавени за потребите на НАТО и земјите-членки, чија вредност надминува 5 милијарди евра годишно.

Министерството за одбрана функционира Центар за поддршка на компаниите при учество на тендерите на Алијансата кој нуди целосна, сеопфатна поддршка за секоја домашна компанија која ќе пројави интерес.

Една од домашните компании која веќе има искуство како добавувач е Живинарската фарма „Везешари“ од село Требош – Тетовско.

Сопственикот на компанијата, Арбен Абдурахмани посочува дека продажбата на домашните производи во НАТО е одлична можност за македонските компании за пласман на производите и зголемен профит.

-Ние веќе неколку години продаваме јајца во НАТО преку компании кои се јавуваат на тендери наменети за снабдување на кујните за војниците. Се заинтересиравме за процедурата, ги исполнивме условите, дојде комисија која ја утврди фактичката состојба во фармата, дали ги исполнуваме нивните утврдени стандарди и ја добивме дозволата со која можат компаниите да купуваат јајца од кај нас. Оваа процедура на следливост на производот, значи од набавката на еднодневно пиле, квалитетот на храната за кокошките, условите во кои се одгледуваат и технологијата до произведено јајце, комисијата на НАТО ја врши секоја година и со тоа ни го продолжува одобрувањето – вели за Агротим, Абдурахмани и додава дека македонските компании треба да работата да можат да ги исполнат условите и затоа ги охрабрува да ја искористат оваа можност.

-Се разбира дека имаме голем бенефит од соработката со НАТО на економски план, за нас тоа знaчи уште еден силен пазар, каде што, доколку имате квалитет, ќе имате и профит. Оттука, за поздравување е функционирањето на НАТО Центар за поддршка на домашните компании во Министерството за одбрана. Ние бизнисмените треба да ги користиме сите мерки на Владата кои се во интерес на зголемување на домашното производство, не само во земјоделскиот сектор – истакна Абдурахмани.

И искуството на сите земји членки покажало дека со вклучувањето во НАТО, покрај зацрврстување на безбедноста, се остваруваат и бројни економски бенефити за државата.

Може да ви се допадне

Состојба на земјоделските култури во Република Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 16.07.2026 година
Мавровско Езеро порибено со 460 килограми крап
Делови од Горно Соње и Бардовци без струја
Делови од Гази Баба и повеќе улици во индустриската зона без вода
Министерот Серафимовски на средба со земјоделците од Чешиново – Облешево
Таг:данеизвознатопроизводиталески
Претходен напис Евтина дневна струја за сите домаќинства до крајот на март
Следен напис Vavada bonusi un ieguvumi 2026 spēļu tirgū
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?