Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Евтина дневна струја за сите домаќинства до крајот на март
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Евтина дневна струја за сите домаќинства до крајот на март
Агровести

Евтина дневна струја за сите домаќинства до крајот на март

Објавено 15/08/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најдоцна до март сите домаќинства ќе можат да ги користат поволностите на  дневната евтина тарифа на струјата, доколку се реализираат плановите  на Електродистрибуција, која дотогаш треба да сетира 820 илјади броила. Дел се со далечинска комуникација, но далеку поголема е бројката на оние коишто ќе треба да се подесат рачно. Од ЕВН за ДВ уверуваат дека околу 80 проценти од обичните броила ќе бидат сетирани уште во првиот месец кога ќе стапи на сила новиот тарифен систем, а тоа е 1 декември.

Прво одлука – па сетирање 

Електродистрибуција поседува 170.000 броила со далечинска комуникација и 650.000 обични броила кои треба да се посетат на лице место. Станува збор за броила коишто ги има низ целата земја. 

„Според претходно утврдениот план, околу 80% од обичните броила ќе бидат сетирани уште во првиот месец, а останатите кои се недостапни ќе се сетираат во наредните 2-3 месеци“, велат од Електродистрибуција.

Од 1 декември стапува на сила новиот тарифен систем, а тогаш ќе започне и сетирањето на броилата. Од ЕВН велат дека тоа не може да се направи пред 1 декември бидејќи во таков случај, тие домаќинства ќе добијат евтина тарифа уште пред нејзиниот официјален старт.

Се прават напори никој од граѓаните да не биде оштетен и секој да има можност два часа во текот на денот да користи струја по поевтина тарифа. Сетирањето на броилата ќе се спроведува според претходно утврден план. Важно е корисниците да им овозможат пристап до броилата на екипите на Електродистрибуција за да може што побрзо и полесно да се спроведе сетирањето. 

Замена на струјомери 

Засега е неизвесно дали целиот процес со подесување на броилата ќе може да се заокружи до март, ако се има предвид дека воведувањето на дневната тарифа еднаш веќе беше одложено токму поради технички причини. Првично беше најавено дека ќе стартува во јули, но  процесот се одложи  бидејќи на ЕВН им требаше повеќе време за да ги подесат броилата. 

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, најави и дека струјомерите ќе се заменат со пософистицирани, т.н. смарт броила и дека тој процес ќе почне во наредните години.

„Заменети ќе бидат сите струјомери со паметни броила за да може да се прави далечинско отчитување со што ќе се зголеми и довербата на граѓаните кон операторот на дистрибутивниот систем“, рече Бислимоски во телевизиско гостување во јуни годинава. 

Тој оцени дека со воведувањето на евтината тарифа, земјата ќе има најниска цена на електричната енергија во Европа. Евтината тарифа, според него, ќе значи и пет отсто линеарно намалување на цената на електричната енергија.

Евтината дневна тарифа ќе се користи во периодот од 13 до 15 часот.

Евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година, кога имаше и поголемо зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Доколку останеше евтината дневна тарифа, ќе требаше да се зголеми цената на струјата за дополнителни 5 отсто, односно зголемувањето ќе изнесуваше 14,23 отсто. Изминатата година граѓаните можеа да користат поевтина струја само во текот на ноќта – од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден. 

Извор – Дојче веле

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Претходен напис Повеќето земји од ЕУ ќе ги исполнат своите цели за производство на соларна енергија пред предвиденото
Следен напис Македонскиот амбасадор во НАТО, Талески ја посети компанијата „Везешари“ – можностите за економска соработка и пласман на производи и услуги на НАТО силите се големи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?