Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Научниците предупредуваат: Најголемиот глечер во Шпанија може да се стопи за десет години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Научниците предупредуваат: Најголемиот глечер во Шпанија може да се стопи за десет години
Агровести

Научниците предупредуваат: Најголемиот глечер во Шпанија може да се стопи за десет години

Објавено 11/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Научниците предупредија дека најголемиот глечер Ането, на Пиринеите во Шпанија, би можел целосно да се стопи во следните десет години поради високите температури.

Весникот „Ел Паис“ пишува дека група истражувачи од Пиринејскиот институт за екологија пронашле формации кои содржат саѓи, бактерии и честички од карпите на дното на најголемиот глечер во земјата, Ането.

Утврдено е дека предметните црни мукозни формации го забрзуваат топењето на глечерите.

Истражувачот Начо Лопез-Морено и неговиот тим ја измериле дебелината на глечерот користејќи копнен радар (GPR).

Научниците утврдиле дека стапката на топење на Ането е тројно зголемена од 1981 година. Само минатата година се стопи триметарски слој од глечерот, а од 1981 година дури 30 метри. Глечерот досега изгуби 64 отсто од својата маса.

Истражувачите соопштија дека има 21 глечер на Пиринеите, од 52 што постоеле во 1850 година. Постојните глечери изгубија до 91 отсто од својата површина.

„Глечерот во последните години секоја година губи по 1,5 метар. Под претпоставка дека неговата просечна дебелина е 11 метри, глечерот не може да трае долго“, рече Лопез-Морено и додаде дека глечерот Ането може да исчезне за десет години.

Третиот екстремен топлотен бран во Шпанија летово го собори рекордот за највисока измерена температура на воздухот, покажуваат податоците регистрирани од 1928 година.

Шпанскиот метеоролошки институт (AEMET) објави дека на 18 јули е измерена рекордна температура од 45,4 степени Целзиусови во областа Фигерес во Жирона. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:глечерпредупредуваатстопиШпанија
Претходен напис Mладите земјоделци ја зголемуваат продуктивноста во своите компании преку новите технологии во земјоделството
Следен напис Кoмбинација на најдобрите практики од Северна Македонија и Холандија за подобро млекопроизводство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?