Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Маричиќ: Користењето на ИПА фондовите клучно за забрзување на реформите и регионалниот развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Маричиќ: Користењето на ИПА фондовите клучно за забрзување на реформите и регионалниот развој
Агровести

Маричиќ: Користењето на ИПА фондовите клучно за забрзување на реформите и регионалниот развој

Објавено 08/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил објави дека од 2007 година досега во нашата држава, се инвестирани вкупно 812.457.807,62 евра преку ИПА фондовите на Европската Унија.

Како што напиша тој, според региони Вардарскиот регион има најмногу инвестирани европски средства, во износ од 122.851.824,22 евра. Втор по искористеност на европските фондови е Пелагонискиот регион со вкупно 79.163.058,15 евра. Следуваат Скопскиот регион со 44.959.852,53 евра, Југоисточниот регион со 42.353.627,60 евра, па Источниот кој има 37.079.873,71 евра, во Североисточен регион 34.418.739,01 евра, во Југозападен регион 31.171.375,34 и 29.044.517,85 евра во Полошкиот регион.                        

-Граѓаните на земјите членки на ЕУ со тоа покажуваат за степенот на свест и желба за придонес кон земјите кандидати за влез во Европската Унија. Одговорноста и детерминираноста која ја покажуваат нашите европски стратешки партнери треба да се сфатат сериозно. Преземањето одговорност од наша страна е и еден од најважните чекори за успешна реализација на евроинтегративниот процес, а тој се реализира преку свесно превземање на обврските и фокусирана работа од наша страна, стои во објавата на вицепремиерот.  

Според Маричиќ, сè зависи од нас, од нашите капацитети. Тој е убеден дека „заеднички, ја имаме моќта да ја трансформираме оваа држава во уште поубаво место за живеење со помош и соработка на сите земји членки на Унијата“.    

-Нашата цел е комплетна евроинтеграција, влевање на уште поголеми средства за подобрување на животот во нашата држава во сите сектори, економијата, енергетиката, животната средина, образованието, трудот и социјалната политика, културата, дигитализацијата на општеството и се тоа во една безбедна, регулирана и легално систематизирана средина, напиша тој.

Вицепремиерот и Национален ИПА координатор Маричиќ во објавата посочува дека фондовите и средствата кои се инвестирани во Северна Македонија доаѓаат од сите земји членки на ЕУ, пари кои се влеваат во фондовите директно од плаќањето на даноците во Унијата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ИПА фондовитеМаричиќрегионалниот развојреформите
Претходен напис Климатска опсерваторија на ЕУ: Минатиот јули беше најтопол досега
Следен напис Со поддршка од ИПАРД 3 имате можност да инвестирате во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ – еве ги основните услови за правно и за физичко лице
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?