Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: До крајот на август се очекува да биде објавен првиот повик од ИПАРД 3
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > До крајот на август се очекува да биде објавен првиот повик од ИПАРД 3
Агровести

До крајот на август се очекува да биде објавен првиот повик од ИПАРД 3

Објавено 08/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првиот повик од Програмата ИПАД 3 се очекува да биде објавен до крајот на август. Со него ќе бидат опфатени мерките 1 и 7, за инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства, како и за инвестиции во рурален туризам, диверзификација на фарми и поддршка на микро бизниси.

Повикот ќе „тежи“ над 20 милиони евра и ќе трае 45 дена, со продолжување од две недели.

Заедно со последниот ИПАРД 2 повик проектиран на 8,8 милиони евра, што беше објавен на 4 август, на располагање во земјоделството ќе бидат ставени околу 30 милиони евра само преку ИПАРД.

-Први го почнуваме ИПАРД 3, пред која било земја во регионот. Сите одобренија за Северна Македонија за старт на ИПАРД 3 се завршени. Минатиот петок стигна одлуката од Брисел за скратена постапка за акредитација на мерките 1, 3, 7 и 9. Практично, за сите постојни мерки од ИПАРД 2 добивме реакредитација. Тоа значи дека веќе влегуваме во процесот, поради што очекувам првиот повик од ИПАРД 3 да биде до крајот на август, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Според него, деновиве се очекува да биде потпишана и финансиската спогодба која ги распределува вкупните средства по мерки и години. 

Вкупниот кофинансирачки дел на ИПАРД 3 ќе биде 120 милиони евра од кои 97 милиони евра се неповратни средства од ЕУ.

Aко ИПАРД 3 заврши успешно, како што напоменува Николовски, тоа ќе значи 250 милиони евра инвестиции во агро секторот.

ИПАРД 3 Програмата е 62 отсто финансиски „потешка“ од ИПАРД 2. Во неа, новина е тоа што се oвозможуваат авансни исплaти до 50 отсто од висината на поддршката, веднаш по потпишување на договорот за инвестиција. Тоа зна;и, на пример, дека ако се конкурира со проект вреден 100 000 евра за мерка каде повратот на средствата е 60 проценти, апликантот преку авансното финансирање со склучување на ИПАРД договорот ќе добие 50 отсти од средствата или 30 000 евра однапред. Се воведува и нов начин во обезбедувањето на потребната документација. Ќе се користат електронски системи за документи од Централен регистар или за одобренија за градба, со што ќе се поедностави, олесни и забрза процесот, а ќе се намалат и трошоците на корисниците.

Досега, просечната вредност на инвестициите во мерката 1 беше 17 000 евра, во мерката 7 вкупно 168 000 евра, додека во мерката 3 каде аплицираат сите извозно ориентирани компании е 246 000 евра.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:августИПАРД 3објавенповик
Претходен напис Времето денеска ќе е умерено облачно со засилен северен ветер
Следен напис Изгаснат пожарот што избувнал близу Свети Николе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?