Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Нема стравувања околу годинашното производство на пченица, ниту ќе има драстично зголемен увоз
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Нема стравувања околу годинашното производство на пченица, ниту ќе има драстично зголемен увоз
Агровести

Николовски: Нема стравувања околу годинашното производство на пченица, ниту ќе има драстично зголемен увоз

Објавено 01/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека нема стравувања околу годинашното производство на пченица, ниту ќе има проблеми за драстично да се зголеми увозот.

Како што рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања, квалитетот на пченицата е незадоволителен, но тоа не е случај само во земјава, туку и во Србија, Грција и Бугарија, како и во поголемиот број држави кои не се увозно зависни како нас и кои имаат огромни површини со лебно жито. 

Според податоците пред жетвата, напомена министерот, бележиме зголемување на површините под пченица за осум проценти, а зголемување на површините има и кај јачменот.

-Минатата година го донесовме Националниот план и го стабилизиравме производството во време на воен конфликт. Нема да има проблеми во делот на драстично поголем увоз. Ние секоја година сме увозно зависни, а и секоја година ни недостасува квалитетна пченица. Климатските промени може да предизвикаат тој дополнителен дел од 60 000 – 70  000 тони, што секоја година го увезуваме, да го увеземе и сега. Но, ако лани сме имале производство од 250 000 тони пченица, оваа година се очекува поголемо производство. Сепак, донесовме и мерка за ускладиштување на пченицата и јачменот, тоа е интервентата мерка која овозможува во следните девет месеци земјоделците да ја складираат пченицата за што ќе добиваат 120 денари по тон за месец. Таа мерка никогаш не била применета на ваков начин и во волку долг период. Со тоа овозможуваме земјоделците да ја складираат пченицата, да добијат по 120 денари за тон, но и по три денари за откупен килограм. Воедно, ги полниме и складишните капацитети, објасни Николовски.

На прашањето колкав ќе биде приносот, тој потенцира дека во Министерството за земјоделство никогаш не се работи со „чаршиски“ бројки.

-Функционирањето во МЗШВ е преку потсекторски групи, а јас секогаш зборувам со факти и аргументи. Еднаш треба да научиме дека има закони и подзаконски акти, дека има регистри и начин како сето тоа функционира. Така е европски, а не да зборуваме паушално. Никогаш не сум кажувал паушални бројки, ниту денеска ќе кажам, зашто се потпирам на факти, бројки и податоци кои се добиваат преку подрачни единици, регистри и преку целиот систем во рамки на МЗШВ. Оттука, кога ќе ги имаме сите официјални бројки од откупот, ќе ги соопштиме. Мерките кои се однесуваат на откупот важат до 31 август, и за поддршка на јачменот и за поддршка на пченицата. Финалните бројки во однос на производството и откупот ќе ги знаеме кога земјоделците ќе аплицираат за финансиската поддршка која годинава ја зголемуваме, 12 000 денари дополнително за јачменот и три денари за секој откупен килограм пченица, подвлече Николовски. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Николовски за овчеполските протести: Сите што плаќаат, треба да добиваат вода за наводнување
Следен напис Србија, Хрватска и БиХ во битка против африканска свинска чума
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?