Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски за овчеполските протести: Сите што плаќаат, треба да добиваат вода за наводнување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски за овчеполските протести: Сите што плаќаат, треба да добиваат вода за наводнување
Агровести

Николовски за овчеполските протести: Сите што плаќаат, треба да добиваат вода за наводнување

Објавено 01/08/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, во врска со протестите на земјоделците од Овчеполието, порача дека сите што плаќаат, треба да добиваат вода за наводнување.

Тој уште еднаш укажа на неопходноста од реструктуирање и децентрализација на АД „Водостопанство“ за подружниците, кои се најблиску до земјоделците и најдобро ги знаат нивните проблеми, да добијат повеќе можности и слобода во управувањето.

Како што најави Николовски, на една од владините седници овој месец ќе се одбере моделот по кој ќе се реорганизира АД „Водостопанство“. 

Според него, не смее да се дозволи АД „Водостопанство“ да пропаѓа во долгови и граѓаните да плаќаат за тоа, ниту смеат земјоделците да бидат доведени во состојба на некакво драстично поскапување на водата во сред сезона.

-Треба одговорност, чесен пристап, јасно и точно да се кажуваат работите. Со полициска контрола и мобилизација на сите институции, успеа водата да стигне до нивите. Но, врз основа на прашањата, треба да се најдат и одговорите: дали има нелегални приклучоци? Дали се троши водата за други потреби? Ние го правиме тоа што е наша обврска, да се грижиме. Му дадовме поддршка на АД „Водостопанство“ и петте метри кубни вода во секунда веќе течат низ нивите во Овчеполието, вклучително и до Ерџелија и Мустафино. Сепак, треба сите да се свесни за состојбата во која е доведено претрпијатието кое е формирано во 2015 – 2016 година. Јас воопшто не се согласувам со концептот на работа и затоа, во овој втор дел од мојот мандат, една од првите работи беше иницирање Работна група. Пред финална фаза сме, има Одлука на Влада за реорганизирање и тоа е потребно зашто е недозволивпо секоја година на неколку месеци АД „Водостопанство“ да бара пари за гориво, за нафта, за струја. Тоа значи дека или не се остваруваат приходи или се троши нерационално. На МЗШВ обврската се политките или конкретно, во случајов, како да го реформираме АД „Водостопанство“. Во август ќе се одржи тематска седница на Владата на која ќе се одбере моделот по кој ќе се реорганизира АД „Водостопанство“, а има два предлога, истакна министерот.

Тој потсети дека беа ангажирани и експерти од ЕУ за да се утврди, преку изготвување физибилити студија, што е направено во 2015 година.

-Сметам дека претпријатието треба да се децентрализира и подружниците да добијат повеќе можности и слобода во управувањето, зашто се најблиску до земјоделците и најдобро ги знаат нивните проблеми. Во делот на ценовникот, Владата дава само согласност, но по моја иницијатива ќе биде разгледан зашто треба сите да знаеме за колку се зголемуваат цените, а јасно е дека 20 години цените не се покачени. Во оваа Одлука не станува збор за зголемување на цените, туку за делумно усогласување со одредени трошоци. Од една страна не смееме да дозволиме АД „Водостопанство“ да пропаѓа во долгови и граѓаните да плаќаат за тоа, тоа треба да биде профитабилно, но од друга, не смеат да бидат доведени и земјоделците во состојба на некакво драстично поскапување во сред сезона. Ова е едно од прашањата кои ќе бидат покренати од моја страна за да ги дефинираме точните податоци и да утврдиме дали тоа ќе важи од сега или ќе се пролонгира и на кој начин ќе се обезбеди поддршка за АД „Водостопанство“, објасни Николовски.

Министерството за земјоделство, напомена, е во постојан контакт со земјоделците и Подружницата во Овчеполе.

-И овој проблем со протокот на вода од браната Калиманци до Овчеполието и во Лозово е решен. Бевме максимално мобилизирани да помогнеме. Но, мора да се дефинираат проблемите кои се јавија во текот на викендот, дали се од нелегални приклучоци, од губитоци на вода, од неправилно користење или поради лош план, дополни Николовски.

Вчера овчеполските земјоделци трет ден излегоа на блокади, а АД „Водостопанство“ го решаваше проблемот со кражби во Долни Балван. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:воданаводнувањеНиколовскиплаќаатпротести
Претходен напис Пожарникарите од Валандово и Гевгелија добија нови возила
Следен напис Николовски: Нема стравувања околу годинашното производство на пченица, ниту ќе има драстично зголемен увоз
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?