Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Украина ќе извезува жито преку Дунав во Хрватска, а потоа со бродови од Јадранот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Украина ќе извезува жито преку Дунав во Хрватска, а потоа со бродови од Јадранот
Агровести

Украина ќе извезува жито преку Дунав во Хрватска, а потоа со бродови од Јадранот

Објавено 01/08/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Украинското Министерство за надворешни работи во денеска соопшти дека ќе извезува жито преку хрватските пристаништа на Јадранското Море, а житото ќе биде доставено до Хрватска преку Дунав, а потоа со железница до јадранскиот брег.

Министерството наведува дека за ова прашање постигнало договор со Хрватска.

Во Киев вчера престојуваше хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, а потоа хрватското Министерство за надворешни и европски работи соопшти дека Хрватска ги ставила на располагање своите пристаништа на Украина за извоз на украинско жито.

Украина не соопшти која количина жито би можела да се извезе на овој начин, јавија хрватските медиуми.

Со користење на таа транспортна рута, Украина сака да ја заобиколи руската блокада во Црното Море, откако Москва во средината на јули го откажа договорот за извоз на жито што го договорија Обединетите нации и Турција .

Киев се обидува да го зголеми извозот по копнен пат преку Европската унија, но неколку соседни земји како Полска исто така ja опструира тaa транспортнa рута.

Многу земјоделци во Европската унија стравуваат од пад на цените доколку украинското жито стигне на пазарот.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дунавжитоЈадранотУкраинаХрватска
Претходен напис По хаваријата на „Макарија“, земјоделците од Росоман и Градско ќе бидат обесштетени
Следен напис Пожарникарите од Валандово и Гевгелија добија нови возила
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?