Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Србија двајца заразени со вирусот Западен Нил, заразени комарци регистрирани на три локации
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Србија двајца заразени со вирусот Западен Нил, заразени комарци регистрирани на три локации
Агровести

Во Србија двајца заразени со вирусот Западен Нил, заразени комарци регистрирани на три локации

Објавено 31/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од Институтот за јавно здравје на Војводина соопштија дека во Србија се потврдени два случаи на заразени со вирусот Западен Нил, пациентите се на болничко лекување и се во добра општа состојба. Заразени комарци, кои ја пренесуваат болеста, досега се регистрирани на три локации во Србија – Белград, Ниш и Палиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Виролозите порачаа дека ова е период од годината кога се очекува да се појават заболени, бидејќи вирусот се пренесува со каснување на заразен комарец. Специфичен лек за болеста, која најчесто се јавува од јуни до октомври, нема, а нема ни вакцина. Пациентите се третираат со терапија која ги ублажува симптомите.

Лекарите велат дека нема потреба од паника, бидејќи 80 отсто од заболените немаат никакви симптоми и инфекцијата поминува незабележана. Околу 20 отсто од заразените имаат лесна клиничка слика, а во ретки случаи се јавуваат посериозни компликации, енцефалитис, кој може да биде фатален.

Од Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ наведуваат дека западнонилската треска е сезонско заболување, а вирусот го пренесуваат заразени комарци. Инфекцијата не се пренесува меѓу луѓето преку контакт. Сезоната на пренос на вирусот Западен Нил во Србија обично трае од јуни до ноември.

Вирологот д-р Нада Куљиќ Капулица вели дека западнонилската треска првпат била потврдена во Србија пред дваесет години, но дека во поранешна Југославија направиле тестови и докажале присуство на антитела, што значи дека болеста и порано била присутна кај населението.

Таа забележа дека западнонилската треска не е единствената болест што ја пренесуваат комарците. Тие се главните виновници за појава на вирусни заболувања како денга, зика, чикунгуња, маларија. Една од превентивните мерки за сите овие болести е борбата против комарците. Во Србија тоа се прави со запрашување, но и со испуштање на стерилни комарци во природата. Се покажа дека пуштањето на стерилни комарци е ефикасен начин за борба против азискиот тигрест комарец, кој носи многу заразни болести. Тој ја пренесува и западнонилската треска, но не е единствениот. Вирусот на Западен Нил го пренесуваат и домашните комарци.

– Компликациите се исклучително ретки, најсериозен е вирусниот менингитис, кој може да доведе до смрт, вели Куљиќ Капулица. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Западен Нилзаразенилокациисрбија
Претходен напис Овчеполските земјоделци трет ден на блокади, Водостопанство го решава проблемот со кражби во Долни Балван
Следен напис Ангелов и Максути: Располагаме со три ертрактори подготвени за дејствување во случај на големи пожари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?