Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пролонгиран рокот за завршување на реконструкцијата на регионалниот пат Велес-Градско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пролонгиран рокот за завршување на реконструкцијата на регионалниот пат Велес-Градско
АгровестиРурален Развој

Пролонгиран рокот за завршување на реконструкцијата на регионалниот пат Велес-Градско

Објавено 26/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Рокот за обнова на регионалниот пат Велес -Градско Р 1102, во должина од 22 километри, е пролонгиран до 30 ноември годинава, потврдуваат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Изведувачот бил воведен во работа на 30 август лани, а рокот од 9 месеци истекол до 30 мај 2023.

-Поради непредвидени и дополнителни работи на патната делница рокот на завршување на работите е продолжен за 6 месеци или до 30 ноември 2023 година. Асфалтирани се 12 километри БНС -прв слој на асфалт и 6 километри АБ – втор (завршен) слој на асфалт, изјавија од ЈПДП.

Вредноста на работите е 347.356.374 денари,обезбедени со заем од ЕБОР, а изведувач е „ХИДРОСТРОЈ“ и „ЕСКАВАТОРИ“ МК ДООЕЛ.

Од ЈПДП посочуваат дека патот е под времен режим и движењето зависи од активностите на изведувачот.

-Патот комплетно се затвора само кога има асфалтирање и по завршување на асфалтирањето е потребно да се олади асфалтот до одредена температура, процес што опфаќа неколку часа, и потоа може да се движат возила. Поради високите температури изведувачот работи од 7 до 11 часот потоа нема активности/асфалтирање, појаснуваат од ЈПДП.

Последните 10 километри од делницата се уште се земјен пат, а алтернатива за патување е автопатот, каде има патарина.

Градежни активности не се одвиваат во недела кога е неработен.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:велесградско
Претходен напис Министерот Николовски ќе изврши увид во завршните активности за санирање на системот за наводнување Макарија во Росоман
Следен напис Температурата на Атлантскиот Океан околу Флорида се искачила над 38 степени Целзиусови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?