Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури
Агропрогноза

Продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури

Објавено 26/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури ќе важат и денеска и утре (26 и 27 јули). Владата на вчерашната седница ја разгледа информацијата од Министерството за здравство за високите температури и усвои соодветни мерки и препораки со важност за овие два дена, а со цел намалување на ризиците од високите температури согласно Акцискиот план на Министерството.

Согласно усвоеното, Владата препорачува: ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години; во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот; единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. Воедно, со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Согласно добиените информации, Владата донесе заклучоци: државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките, а исто така на приватниот сектор препорача да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

-Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници. Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот, се наведува во заклучоците на Владата.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:рестрикциитопло време
Претходен напис ММФ: Глобалната цена на житото се зголемува и до 15 отсто поради повлекувањето на Русија од договорот
Следен напис Министерот Николовски ќе изврши увид во завршните активности за санирање на системот за наводнување Макарија во Росоман
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?