УХМР информира дека нестабилна облачна маса од територијата на Косово се префрла кон Македонија и се очекува во наредниот час да го зафати подрачјето на Скопската Котлина, како и Кумановскиот регион. Проследена е со електрични празнења, пороен дожд, силен ветер и појава на град.
