Управата за хидрометеоролошки работи информира дека нестабилна облачна маса навлегува во североисточниот дел на земјава и ќе го зафати Кумановско-Кривопаланечкиот регион.
Проследена е со пороен дожд, засилен ветер и можна појава на ситен град. Правецот на движење на појавите е од северозапад кон југоисток и исток.
17:15 Многу нестабилно облачно јадро го зафаќа подрачјето на Кратово и се движи накај Пробиштип. Проследено е со електрични празнења, силен ветер, пороен дожд и град.

