Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зеленски разговараше со Столтенберг за деблокирање на коридорот за жито
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зеленски разговараше со Столтенберг за деблокирање на коридорот за жито
Агровести

Зеленски разговараше со Столтенберг за деблокирање на коридорот за жито

Објавено 22/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Илустративна фотографија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за „деблокирање“ на коридорот за жито во Црното Море, откако Москва се повлече од договорот за транспорт на жито.

Разменивме оценки за моменталната ситуација во Црното Море и за ризиците што таквата ситуација ги носи за глобалната безбедност на храната“, објави Зеленски на Твитер на 22 јули, по телефонскиот разговор со Столтенберг.

„Со господинот Столтенберг ги идентификувавме и приоритетите и идните чекори неопходни за деблокирање и одржливо функционирање на коридорот за жито во Црното Море“, додаде Зеленски.

Договорот, постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција во јули минатата година, имаше за цел да ја олесни глобалната криза со храната со тоа што ќе дозволи безбедно извезување на украинското жито, блокирано од руската инвазија на Украина.

Неколку пати се продолжуваше, но новиот рок за продолжување беше 17 јули, кога Русија објави дека се повлекува од договорот.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе се врати на меѓународниот договор за жито штом ќе бидат исполнети барањата на Кремљ.

Тие вклучуваат укинување на санкциите за продажба на руска пченица и земјоделско ѓубриво и враќање на Руската земјоделска банка во глобалниот платен систем.

Во текот на оваа недела, Русија бомбардираше објекти каде Украина складира жито во Одеса и други градови.

Москва, исто така, предупреди дека бродовите со жито што ги напуштаат украинските пристаништа ќе се сметаат за потенцијални воени цели.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:житозеленскиПченицастотендбергцрно море
Претходен напис Турција внимателна со барањето да продолжи патот на украинското жито низ Црното Море
Следен напис Николовска: ИПАРД 3 е фонд од над 100 милиони евра, значи пари има, аплицирајте!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?