Ветерот дува толку силно, што се чини дека куќите ќе бидат разнесени, известуваат српските медиуми.
Силно невреме веќе ги зафати Сомбор и Суботица, а следниот што ќе биде погоден е Нови Сад.
Според известувачот на „Блиц“ од Нови Сад, невремето веќе пристигнало, а над градот се појавиле „чудни облаци“, какви што досега не се видени.
Невремето повторно го затвори аеродромот во Белград, падна кран во Нови Сад.
Не беше заобиколен ниту Белград, каде според РТС, аеродромот „Никола Тесла“ привремено е затворен.
Според извештаите во српските медиуми, невремето во главниот град почнало после 20 часот. Според претходните најави од Републичкиот хидрометеоролошки завод, очекувањата се во Белград да биде критично околу два часа кога се очекува врнежите да бидат проследени со грмотевици, силен ветар. Надлежните предупредија дека можно е да биде предизвикана материјална штета, но и да биде загрозена безбедноста на луѓето и животните.
Претходно во Хрватска невремето повторно остави пустош. Имаше црвен аларм на предупредување во дури пет региони. Прво беа погодени Истра и Кварнер, а потоа беше зафатена и внатрешноста на државата вклучително и Загреб. Во Новиград целосно е уништен автокамп каде десетици граници паднале врз приколките. Според првичните информации полесно се повредени шест лица.

И Хрватска и Србија, но и останатите земји од регионот пред два дена исто така беа погодени од невреме кое беше и смртоносно. Во Хрватска имаше четворица загинати, додека по една жртва беше регистрирана во Словенија и Босна и Херцеговина.
