Во Хрватска стапи на сила новата Наредба за контролни мерки за сузбивање на африканската свинска чума, а Владата обезбеди 7,5 милиони евра помош за производителите поради евтаназија на животните и посебен надомест за ловечките власти кои ќе учествуваат во спроведувањето на програмата за борба против АСЧ кај дивите свињи, соопшти хрватското Министерство за земјоделство.
Новите мерки, како што појаснуваат, се однесуваат на заштита, контролни инспекции, евтаназија и нега на животните на фармите, како и безбедносни мерки кои мора да се применуваат во ловиштата.
Така, дозволено е чување на свињи во зоната на заштита и надзор исклучиво во објекти од повисоките биобезбедносни категории 3 и 4.
За да се спречи натамошното ширење на инфекцијата на високоризични објекти, поточно на нерегистрирани и некатегоризирани и оние од категориите 0, 1 и 2 лоцирани на подрачјето на заштитните зони, се наредува превентивно убивање на сите затекнати грла.
Исто така, на објекти од категориите 0, 1 и 2 лоцирани на подрачјето на зоните на надзор, кои епидемиолошки не се поврзани со позитивни објекти, и доколку во изминатите 15 дена од денот на клиничкиот преглед животните не покажале знаци заболени и нема угинати, наредено е да се отстранат сите свињи пронајдени во објектот, во кланицата одредена од Министерството за земјоделство лоцирана на подрачјето на зоната за надзор, најдоцна во рок од 15 дена од пописот.
Месото од овие животни мора да се преработува во кланица или преработувачки капацитет определен од Министерството за земјоделство.
Африканската свинска чума во моментов е потврдена на 112 фарми во Хрватска, а болеста е најзастапена во областите на три општини во округот Вуковар и Срем.
Министерката за земјоделство Марија Вучковиќ истакна дека зоната за ограничување е целата жупанија.
„Без никаква намера да вперувам прст кон некого, епидемиолошките истражувања покажаа дека во Хрватска се работи за човечка грешка. Тоа значи дека болеста не е внесена преку дивите свињи и тоа дефинитивно го потврдија епидемиолошките истражувања“, рече Вучковиќ.
Заострени мерки за сузбивање на АСЧ во Хрватска – наредено е превентивно убивање на свињи
Во Хрватска стапи на сила новата Наредба за контролни мерки за сузбивање на африканската свинска чума, а Владата обезбеди 7,5 милиони евра помош за производителите поради евтаназија на животните и посебен надомест за ловечките власти кои ќе учествуваат во спроведувањето на програмата за борба против АСЧ кај дивите свињи, соопшти хрватскто Министерство за земјоделство.
Новите мерки, како што појаснуваат, се однесуваат на заштита, контролни инспекции, евтаназија и нега на животните на фармите, како и безбедносни мерки кои мора да се применуваат во ловиштата.
Така, дозволено е чување на свињи во зоната на заштита и надзор исклучиво во објекти од повисоките биобезбедносни категории 3 и 4.
За да се спречи натамошното ширење на инфекцијата на високоризични објекти, поточно на нерегистрирани и некатегоризирани и оние од категориите 0, 1 и 2 лоцирани на подрачјето на заштитните зони, се наредува превентивно убивање на сите затекнати грла.
Исто така, на објекти од категориите 0, 1 и 2 лоцирани на подрачјето на зоните на надзор, кои епидемиолошки не се поврзани со позитивни објекти, и доколку во изминатите 15 дена од денот на клиничкиот преглед животните не покажале знаци заболени и нема угинати, наредено е да се отстранат сите свињи пронајдени во објектот, во кланицата одредена од Министерството за земјоделство лоцирана на подрачјето на зоната за надзор, најдоцна во рок од 15 дена од пописот.
Месото од овие животни мора да се преработува во кланица или преработувачки капацитет определен од Министерството за земјоделство.
Африканската свинска чума во моментов е потврдена на 112 фарми во Хрватска, а болеста е најзастапена во областите на три општини во округот Вуковар и Срем.
Министерката за земјоделство Марија Вучковиќ истакна дека зоната за ограничување е целата жупанија.
„Без никаква намера да вперувам прст кон некого, епидемиолошките истражувања покажаа дека во Хрватска се работи за човечка грешка. Тоа значи дека болеста не е внесена преку дивите свињи и тоа дефинитивно го потврдија епидемиолошките истражувања“, рече Вучковиќ, пренесува Agroklub.
