Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста
Агровести

Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

Објавено 17/07/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,45 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 71,5 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму останува 72,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,585 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,369 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,802 отсто, кај дизелот за 0,608, кај екстра лесното масло за 4,605 и кај мазутот за околу 3,13 отсто. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот е повисок за околу 0,507 отсто.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бензинитедизелотистапоскапуваат
Претходен напис Скок на цената на пченицата и на пченката на берзите во САД по одлуката на Русија да се повлече од Договорот за извоз на житарки преку Црно Море
Следен напис СЗО: Мачки во Полска имаат птичји грип, има ризик и за луѓето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?