Актуелната ситуација околу договорот за извоз на житарки од украинските пристаништа не влева оптимизам за негово продолжување по 17 јули, а сега единствената надеж се очекуваните преговори меѓу претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, изјавил за РИА Новости извор запознаен со текот преговорите.
Изворот додал дека практиката покажува дека преговорите меѓу двајцата лидери можат да ја променат ситуацијата и изразил надеж за позитивен исход.
Ердоган претходно изјави дека смета на преговори со Путин за договорот за жито, и телефонски и лично, додека портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на 8 јули изјави дека средбата меѓу Путин и Ердоган се уште не е извесна, наведува агенцијата.
