Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поради Африканската свинска чума во Хрватска поставени пунктови со полициски надзор – Одгледувачите бараат ублажување на мерките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поради Африканската свинска чума во Хрватска поставени пунктови со полициски надзор – Одгледувачите бараат ублажување на мерките
Агровести

Поради Африканската свинска чума во Хрватска поставени пунктови со полициски надзор – Одгледувачите бараат ублажување на мерките

Објавено 06/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од првиот случај на Африканска свинска чума на подрачјето на Хрватска, оваа болест е потврдена на вкупно 22 фарми во Вуковарско-сремската жупанија, соопшти Министерството за земјоделство, пренесе Agroklub.

Отстранет е сомнежот за појава на две фарми, додека првиот случај на зараза кај дива свиња е забележан во месноста Гуња.

Од хрватското Министерство за земјоделство нагласуваат дека се преземени дополнителни мерки за спречување на нелегалната трговија со живи свињи и свинско месо со цел да се запре натамошното ширење на заразата. „Поставени се пунктови со полициски надзор на 8 точки каде што е зголемен ризикот од потенцијален нелегален сообраќај на подрачјето на општините лоцирани во заштитната зона.

Од друга страна, за да се намалат штетите на производителите, Хрватската земјоделска комора побарала Министерството да ги ублажи пропишаните мерки.

„Добиваме бројни барања од одгледувачи кои бараат свињите кои се здрави и спремни за испорака, прегледани од овластен ветеринар, да можат да бидат испорачани во овластени кланици со почитување на сите мерки“, стои во барањето испратено од претседателот на Одборот за одгледување свињи, Антун Голубовиќ.

Покрај горенаведеното, тој посочува дека е неопходно да се дозволи движење на свињите во рамките на контролираните капацитети – од местото на опрасување до просторот за одгледување, од просторот за одгледување во просторот за гоење, како и трансферот на маториците од простор за чекање до местото за опрасување со цел да не дојде до прекин на одгледувањето.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:африканска свонска чумахрватска
Претходен напис Се расчистуваат наносите од поројните дождови во Македонска Каменица
Следен напис Изгореа два декари жито во селото Уларци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?