Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нето надворешниот долг на крајот на март изнесува 29,8 проценти од БДП
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Нето надворешниот долг на крајот на март изнесува 29,8 проценти од БДП
Пазари

Нето надворешниот долг на крајот на март изнесува 29,8 проценти од БДП

Објавено 30/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нето надворешниот долг на крајот на март годинава изнесува 4.229 милиони евра (или 29,8 проценти од проектираниот БДП), објави денеска Народната банка.

Податоците на централната банка покажуваат дека нето надворешниот долг на земјата во првиот квартал од 2023 година е намален за 120 милиони евра, или за 2,7 проценти.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 63 проценти.

-На крајот на март од 2023 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.080 милиони евра (или 78,1 процент од проектираниот БДП) и бележи квартално зголемување од 224 милиони евра (или за 2,1 процент). Доколку се изземе влијанието на специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка  врз долгот, бруто-долгот бележи квартално зголемување од 436 милиони евра. Оваа квартална промена е резултат на зголемениот јавен долг (за 402 милиона евра) и приватен долг (за 34 милиони евра). Кварталното зголемување на јавниот надворешен долг е резултат на растот на долгот на секторот „држава“ за 449 милиони евра, заради издавањето нова еврообврзница, додека обврските на јавните претпријатија и јавните банки се намалија за 46 милиони евра. Растот на приватниот долг се должи на зголемениот долг на меѓусебно поврзаните субјекти (за 160 милиони евра) при намален долг на приватните банки (за 108 милиони евра) и на
небанкарскиот приватен сектор (за 18 милиони евра), информира НБ.

Бруто надворешните побарувања, пак, на крајот на првиот квартал  годинава изнесуваат 6.851 милион евра (или 48,3 проценти од проектираниот БДП) и забележале квартално зголемување од 344 милиони евра (или за 5,3 проценти). Доколку се изземе влијанието на специфичните активности на централната банка поврзани со управувањето со девизните резерви, бруто надворешните побарувања се зголемени за 411 милиони евра и изнесуваат 6.774 милиони евра. Оваа квартална промена е резултат на зголемените јавни побарувања за 270 милиони евра и зголемените приватни побарувања за 141 милион евра. Кварталниот раст на надворешните побарувања кај приватниот сектор е резултат на зголемените побарувања на меѓусебно поврзаните субјекти (за 197 милиони евра) и небанкарскиот приватен сектор (за 59 милиони евра), при намалени побарувања на приватните банки (за 115 милиони евра).

Во текот на првиот квартал годинава негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 50 милиони евра и изнесува 8.101 милион евра, што претставува 57,1 процент од проектираниот БДП за 2023 година. Најголемиот дел од овој износ, или 86 проценти, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, од кои 70 проценти се врз основа на сопственички капитал.

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
Во март просечната нето-плата 48 433 денари
Бројот на странски туристи до март годинава зголемен за 6.9 %
Народната банка: Годинава инфлација од 4 отсто и раст на БДП од 3,5 отсто
Таг:БДПмартнадворешен долг
Претходен напис Исплатени близу 224.4 милиони денари за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети на 3.821 корисник за дополнителни директни плаќања
Следен напис Во прекин сообраќајот за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар, од утре летен режим за сообраќај за тешки товарни возила
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?