Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во соработка со МАТТО, Општина Прилеп ќе привлекува турски инвеститори во земјоделството и други бизнис сектори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во соработка со МАТТО, Општина Прилеп ќе привлекува турски инвеститори во земјоделството и други бизнис сектори
Агровести

Во соработка со МАТТО, Општина Прилеп ќе привлекува турски инвеститори во земјоделството и други бизнис сектори

Објавено 24/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со цел остварување соработка, размена на искуства и информации во насока на унапредување на бизнис-климата, но и привлекување на странски инвестиции во повеќе сектори, општина Прилеп и Центарот за развој на Пелагонскиот плански регион потпишаа трипартитен Мемотандум за соработка со Стопанската комора Турција-Македонија МАТТО.

„Излеговме со предлози и понуди кои што вредат да ги разгледаат каде што освен индустриските зони, понудени им се позиции каде што можат да пројават интерес компании во доменот на земјоделието, на минералните суровини и се она друго кое што Прилеп и прилепската општина може да им го понуди на турските стопанственици“, – ни изјави за Алфа, Борче Јовчески, градоначалник  на Прилеп.

Општина Прилеп има воспоставено пракса на партиципативно буџетирање што според националните стандарди служи за пример со високо извршување на буџетските приходи од дури 83% и со 80% на расходите. Посебен благодет на Прилеп е што според географската положба располага со многу природни ресурси, а за чија експлоатација преку концесија се наплаќаат значителни надоместоци кои се слеваат во општинскиот Буџет, појаснува Јовчески.

„Пројавија интерес за индустриски зони и места кои што можат да бидат потенцијални места за изградба на фотоволтаици, за обновливи извори на енергија. Тоа беше најчесто поставувано прашање и како најбрзо да се надминат административните бариери, каде што ние навистина максимално понудивме експресно брзо да одговориме на нивните барања и очекувања“, – кажа градоначалникот Јовчески.

Со оглед и на досегашната успешна долгогодишна соработка со турските бизнисмени, а и според ново-постигнатиот трипартитен договор, се очекува во текот на наредните две недели, заинтересираните турски стопанственици да дојдат во Прилеп и на лице место да се уверат во можностите за нивни идни инвестиции.

Извор – Алфа

Може да ви се допадне

Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
(ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард
Таг:бизнисматтопосетаприлепсоработка
Претходен напис Земјоделците да аплицираат за субвенции за семенски материјал за житни култури до 30 јуни
Следен напис Вавада бесплатный
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?