Денес за прв пат во историјата на градот, граѓаните на општина Делчево добиваат модерен и современ градски пазар, токму како резултат на поддршката од министерството преку мерката 123 од Програмата за финасиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.

Иградбата на овој капитален проект беше децениска желба и реална потреба на граѓаните во општина Делчево.

Новиот модерен градски пазар се протега на површина од 2.408 м2, располага со 18 дуќани и 192 продажни пунктови. Вкупната вредноста на овој капитален проект изнесува 45 милиони денари.
Заедно со премиерот Dimitar Kovacevski и градоначалникот на општина Делчево лично се уверивме во модерниот и современ изглед на пазарот со обезбедени квалитетни санитарни услови и поголема хигиена и по сите стандарди, кој ќе го направи Делчево како погранично место, економски центар, не само за градот, туку и регионот.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
