Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Аплицирајте за субвенции за директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Аплицирајте за субвенции за директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци
Јавни огласи и повици

Аплицирајте за субвенции за директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци

Објавено 23/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци.   

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства одгледувачи на овци, кои поседуваат минимум 30 овци, кои се постари од 12 месеци на денот на поднесување на барањето за поддршка и се евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци/кози, а истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по грло.

Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 2.8. за обележани грла овци постари од 12 месеци, односно за подмерката 2.9.

Корисници на дополнителни плаќања се земјоделските стопанства кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко, како корисници на подмерката 2.4 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година, корисници на подмерката 2.8 од Уредбата кои или предале или заклале јагниња во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, како корисници на померките 2.12 и 2.8 од Уредбата. Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 1.400 денари по грло.

Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Мечка нападнала стадо со овци во атарот на село Крклино, информирани се институциите, се чека реакција
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Таг:Аплицирајтеовцисубвенции
Претходен напис Аплицирајте за директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци  
Следен напис Средба Николовски – Ватев: Добрата соработка е значајна и ќе придонесе во зголемена трговска размена на земјоделско-прехранбени производи помеѓу двете држави
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?