Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски на четвртиот состанок на Форумот на директори на ветеринарните служби од Западен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски на четвртиот состанок на Форумот на директори на ветеринарните служби од Западен Балкан
Агровести

Бабовски на четвртиот состанок на Форумот на директори на ветеринарните служби од Западен Балкан

Објавено 22/06/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска и утре во Ниш, Република Србија, учествува на вториот состанок на Управниот комитет на проектот „Развој на капацитетите на ветеринарните и фитосанитарните служби на Западен Балкан” и на четвртиот состанок на Форумот на директори на ветеринарните служби од Западен Балкан.

Во обраќањето на Форумот тој истакна дека Агенцијата за храна и ветеринарство како орган надлежен за креирање на политиките од областа на здравствената заштита на животните и безбедноста на храната како и за нивно имплементирање, следејќи ги регионалните, европските и глобалните трендови, своето работење го заснова на неколку национални приоритети.

-Во моментов, актуелна е состојбата со контрола на болеста африканска чума кај свињите. Акцентот е ставен на ангажирање на ресурси за намалување на ризикот од нејзино понатамошно ширење кај популацијата домашни и диви свињи, со посебен акцент на засилување на биосигурносните мерки на ловиштата и подобрување на соработката со сите засегнати институции и органи. Сконцентрирани сме на подготовка на нова подобрена програма за надзор на оваа болест базирана на пасивен надзор, со добро утврдени цели и целни групи, со цел обезбедување на нејзино рано откривање и спречување на ширењето, рече Бабовски.

Според него, со оглед на фактот дека високо и ниско патогени соеви на авијарна инфлуенса кај живината се потврдени во поголем број европски земји, но и во регионот, заради одржување целосна подготвеност за справување и со оваа болест, АХВ почна со ажурирање на Планот за итни мерки и подигнување на свесноста кај одгледувачите за препознавање и пријавување на болеста. Агенцијата, рече Бабовски, подготвува кампања за печатење на информативни материјали за болеста и материјали за јакнење на капацитетите на АХВ.

-Законско усогласување на новиот пакет на ЕУ законодавството од областа на здравствената заштита на животните е еден од најзначајните приоритети на Агенцијата, за што се дефинирани активности во насока на донесување и усвојување новиот Закон за здравствена заштита на животните и делегирачките и имплементирачките акти. Во соработка и со финансиска поддршка на ФАО, почнато е развивање на ново софтверско решение, нов информациски систем на АХВ, во кој ќе бидат интегрирани сите постоечки софтвери, како и интеграција на ГИС системот. Со помош на овој нов систем, ќе можеме во секое време да ги добиваме потребните епидемиолошки податоци, потенцира Бабовски.

На дводневниот настан во Ниш, учествуваат претставници на Генералниот Директорат за здравје и безбедност на храната при Европската комисија, Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), претставници од делегациите на ЕУ во земјите од Западен Балкан како и високи претставници од ветеринарните служби на Србија, како земја домаќин на Управувачкиот комитет и Форумот, Република Северна Македонија, Црна Гора, и другите балкански земји.

На Управувачкиот комитет кој се одржа денеска беше разгледан напредокот на проектот во однос на реализацијата на прашања кои се однесуваат на законодавството, надзорот на африканската и класичната чума кај свињите, информациските системи, соработката со други проекти во Западен Балкан, а дефинирани беа и идните проектни активности.

На денешната прва сесија на Форумот покрај прашањата за состојбата со надзорот на болестите во Западен Балкан од А листата (кои задолжително се пријавуваат), националните приоритети од областа на здравствената заштита на животните, утре ќе се дискутира и за новата ЕУ легислатива за африканската чума кај свињите, ќе бидат споделени практични примери во справувањето со болеста, а презентирано ќе биде и македонското искуство.

Форумот ќе ги дефинира регионалните приоритети за наредниот период. Во текот на утрешниот ден ќе го посетат Ветеринарниот специјалистички институт во Ниш, како центар за организација и менаџирање на надзорот и контролата во справувањето со африканската чума кај свињите во Република Србија. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бабовски николчеЗападен Балкансостанок
Претходен напис Во Европа има се поповолни услови за ширење на комарци кои пренесуваат опасни болести, предупреди Европскиот центар за превенција и контрола на болести
Следен напис Сончево и топло, викендот дожд и пад на дневната температура
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?