Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонско традиционално јадење и народна носија од Мала Преспа претставени на настан во Тирана
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонско традиционално јадење и народна носија од Мала Преспа претставени на настан во Тирана
Агровести

Македонско традиционално јадење и народна носија од Мала Преспа претставени на настан во Тирана

Објавено 22/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонското друштво „Сонце” вчера во Тирана  учествуваше на активност во рамки на проектот „Иднината е во потеклото”, поддржан од Комитетот за национални малцинства при владата на Албанија.

На настанот организиран од припадниците на  грчкото малцинство, кој се одржа на фармата Фустанела-Петрела, претставниците на малцинствата се претставија со традиционална храна и носии.

-За нас, како и за другите малцинства, ова е многу значаен настан, каде може да  презентираме дел од нашата традиција. Овој пат, како што се гледа,  се претставивме со традиционалото јадење на Македонците од Мала Преспа,  тава со крап, што е наш специјалитет, надалеку познат, како и со традиционалните носии од Мала Преспа, рече за МИА Васил Стерјовски, претседател на друштвото.

Присутните покажаа забележлив интерес за македонскиот штанд, а добар дел од нив вкусија од храната.

На активноста учествуваа и дипломати од дипломатскиот кор и претставници од централната и локалната власт.

Претседателката на Комитетот, Константина Бежани, ги поздрави присутните и вети продолжување на поддршка за активности на малцинствата, во зачувување на нивниот етнички, јазичен, културен идентитет.

На настанот присуствуваше и вториот човек во Македонската амбасада во Тирана, Лутвим Cпахиу, кој ги поздрави присутните, како и Марјана Костофски, претставник на македонската заедница во Комитетот за национални малцинства. 

Со Македонците од Мала Преспа беше и Васил Јанкула, попознат како Преспанскиот херој.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Македонско традиционално јадењеМала Преспанародна носијаТирана
Претходен напис МЗШВ апелира земјоделците навреме да аплицираат за субвенции за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет
Следен напис (ВИДЕО) БРЗО И ЕДНОСТАВНО: Како да си направите превкусно сирење во домашни услови од само три состојки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?