Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Управувањето со поплавите и развојот на системите за рано предупредување, во фокусот на меѓународната коференција во Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Управувањето со поплавите и развојот на системите за рано предупредување, во фокусот на меѓународната коференција во Скопје
Агровести

Управувањето со поплавите и развојот на системите за рано предупредување, во фокусот на меѓународната коференција во Скопје

Објавено 19/06/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поплавите се појава којашто не може да се избегне, токму затоа системот за рано предупредување од поплави е од исклучително значење и тој треба да овозможи навремено информирање на сите луѓе. Од големо значење е и меѓусебната соработка на државите во случаи на поплави, особено кога имаме и меѓугранични, меѓудржавни сливови, беше посочено на отворањето на Втората работилница на Глобалниот проект – Систем за најава на поплави со глобална покриеност (Flash Flood Guidance System with Global Coverage (FFGS), која од денеска до 23 јуни се одржува во Скопје.

-Сведоци сме деновиве на поројни дождови кои може да предизвикаат поплави и да предизвикаат голема материјална штета врз инфраструктурата, земјоделските насади и домовите врз луѓето. Токму затоа навремено преземаме мерки, превенираме заедно со УХМР и даваме поддршка за зголемување на нејзините капацитети за континуирани метеоролошки и хидролошки мерења и набљудувања, за осовременување на системите за рана најава и прогнозирање на опасни временски непогоди, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на отворањето на конференцијата.

Николовски рече дека нашата земја е сведок на големи поплави во минатото и дека ефектите од климатските промени се очигледни за луѓето, а за жал сценаријата за иднината не се многу оптимистични.

-Од денес во следните денови ќе се споделуваат не само регионални, туку глобални искуства за успешно справување со поплави се со цел заеднички да се справиме со климатските промени, додаде Николовски. 

Јохан Стандер од Светската метеоролошка организација рече дека поплавите се појава којашто не може да се избегне, но од клучно значење во справување со оваа појава е системот за рана најава од поплави и како тоа да стигне до луѓето. Тука може да помогнат и медиумите да ги информираат луѓето каде можат да најдат точни податоци за закана од поплави, да ги прошират тие информации, со цел луѓето да бидат навреме предупредени.

-За да се осигураме дека овој систем за рано предупредување од поплави успешно се применува, соработуваме со Црвениот крст, УСАИД, Светската банка, со цел да одговориме на потребите на соодветна земја, рече Стандер.

Најдобар начин, според него, за да се прошири овој систем на рано предупредување е преку мобилните телефони, но што е, вели, со оние луѓе особено во зафрлените рурални области кадешто нема мрежно покривање. Во тој случај, додаде тој, најдобро е локалните лидери да одат на лице место и да ги предупредат луѓето, да комуницираат со нив.

Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски, ги поздрави учесниците и кажа дека во овие неколку дена ќе се споделуваат искуства и ќе се зајакне соработката меѓу државите за управувањето со поплави и развојот на системите за нивна рана најава.

На работилницата се очекува да има околу 200 учесници од над 70 држави од целиот свет, а целокупната поддршка е обезбедена од Светската метеоролошка организација, која е специјализирана агенција на ОН. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:коференцијапоплавипредупредувањеСкопје
Претходен напис Од утре изменет сообраќаен режим на делницата Демир Капија – Неготино поради градежни активности
Следен напис Инвестирајте во изградба на ФАРМИ И МЛЕКАРНИЦИ – 60% поврат на средства преку ИПАРД 3 програмата или максимални 750.000 евра!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?