Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Започнавме со доделување на првите 730 решенија за набавка на трактори, поддршка вредна 500 милиони денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Започнавме со доделување на првите 730 решенија за набавка на трактори, поддршка вредна 500 милиони денари
Агровести

Николовски: Започнавме со доделување на првите 730 решенија за набавка на трактори, поддршка вредна 500 милиони денари

Објавено 16/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Модернизацијата на земјоделството значи држење на чекор со времето и технологијата. Министерството за земјоделство, шуарство и водостопанство пред себе си има поставено јасна цел, развој и модернизација на македонското земјоделство. Цел на која сите овие години посветено се работи, креирајќи конкретни мерки и политики за поддршка на земјоделците, кои даваат резултати.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски денес во Битола започнаа со доделување на првите 730 решенија до земјоделците за финаниска поддршка при набавка на трактор. Вкупната вредност на поддршката изнесува 500 милиони денари. Финасиската поддршка е во форма на кофинасисрање од 50 до 75% од вредноста на тракторот. Овој повик предизвика и до сега рекордна заинтересираност, од кои 2.453 барања комплетно ги исполнуваат критериумите пропишани во јавниот повик.

Министерот Љупчо Николовски во своето обраќање изрази голема благодарност до АФПЗРР, која ја имаше најобемната и тешка задача, да ги собере и во целот обработи сите пристигнати апликации.

„Нашата грижа за земјоделците и инвестирањето во одржливо и ефикасно домашно производство ја продолжуваме. Модернизацијата на македонското земјдоелство покрај овој повик за набавка на трактори ја реалзиираме и преку поддршката за набавка на силоси за зголемување на сточниот капацитет. Потоа поддршката во изградба на мандри за да можат сточарите во своите бачила да инвестираат во објекти за преработка на млекото од сопствено производство. Поддржуваме набавка и на опрема за прозиводство на тутун за да им го олесниме тој процес на тутунарите, набавка на специјализирани комбајни и сушари за ориз, или системи капка по капка“ истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Во услови на светска економска и прехранбена криза, предизвикана од војната во Украина, минатата година на 20 април беа распишани четири јавни повици за поддршка и модернизација на земјоделските стопанства, а токму еден од нив беше повикот за поддршка при набавка на трактори, давајќи предност на земјоделците одгледувачи на полјоделски и индустриски култури.

Дополнително новата ИПАРД 3 програма нудиме конкретни мерки за поддршка и модернизација на македонското земјоделство, а македонските земјоделци имаат на распоалгање 200 милиони евра неповратни средства за модернизација на земјоделското производство.

Од оваа година беше креирана и нова мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството, каде преку отворен јавен повик земјоделецот има можност да добие поддршка до 10.000 евра за модернизација на своето прозиводство, одбирајќи сам преку подготвен бизнис план во што и кога ќе инвестира.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:битолатрактори
Претходен напис Москва: Невозможно е да се продолжи договорот за извоз на украинско жито под сегашни околности
Следен напис Руралниот туризам – Хит во ИПАРД 3: 65% неповратни средства за реконструкција или инвестиции во сместувачки соби, апартмани, кампови, бунгалови…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?