Агротим во соработка со градоначалникот на Дојран – Анго Ангов, организира информативна средба на тема ИПАРД. Во петок (16 јуни) во 11 часот, во просториите на Општина Дојран, ќе се одржи инфо сесија од страна на консултанти од Агротим, за поголема искористеност на ИПАРД средствата.
Во очекување на првите повици ИПАРД дојдете да се информирате за можноста да добиете ГРАНТ во висина од 50 % или 60 % од вашата инвестиција во агросекторот или туризмот.
Не ја пропуштајте шансата да станете корисник на средствата од ИПАРД за започнување на нов агробизнис или за изградба на хотели, апартмани, ресторани и други бизниси кои се водат како услуги на рурално население.
