Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Масло од кантарион – Се прави едноставно, а благотворно делува на телото и душата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Масло од кантарион – Се прави едноставно, а благотворно делува на телото и душата
АгровестиМагазин

Масло од кантарион – Се прави едноставно, а благотворно делува на телото и душата

Објавено 12/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За овој рецепт може кратко да се каже – ред билки, ред маслиново масло и капка трпеливост. Сето тоа надополнето со една прошетка во ливада, чист воздух, малку берење и сето тоа ставено во тегла. Искусните домаќинки секогаш го правеле, а вeројатно сите сме се нашле во ситуација кога за нешто некој ни го препорачал.

Уште од дамнешно време се верувало дека маслото од кантарион делува како природен антибиотик. Се користи и за масажи, а лековито делува и на желудникот.

Како да направите домашно масло од кантарион?

Рецептот за домашно кантарионово масло се пренесувал од генерација на генерација. Тоа се прави многу едноставно. Жолтите цветови со карактеристичен мирис, се берат и три четвртини од теглата се полна со нив, а потоа, ако е можно, врз него се става домашно маслиново масло, а може и некое друго. После тоа, теглата се затвора со капак и се остава на сонце 45 дена. Кога маслото добива специфична црвеникава боја, се филтрира преку газа, се става во шишиња и се чува на темно место.

Вака подготвеното масло, може да стои две години. Важно е цветовите да бидат собрани што е можно подалеку од патиштата. Тие се собираат од јуни до август, а понекогаш и подолго.

Антибиотик кој потекнува од природата

Маслото од кантарион не се користи за сончање, но ако во текот на сончањето се појават изгореници, може да се користи како прва помош во олеснување на непријатноста. Значително помага при изгореници, исеченици, чиреви, акни, лузни, хемороиди, проширени вени, но и ревматизам, воспаление на нервите и мускулите. Постои популарно верување дека кантарионот, исто така, помага при таканаречените женски проблеми, како што се воспаление на јајниците и појава на цисти, но помага и во регулирање на хормоните. Веќе долго време се верува дека маслото од кантарион делува како антибактериски лек од билната аптека. Исто така се користи за масажи, а има и корисен ефект за стомакот.

Еден стар рецепт вели: Капнете неколку капки масло од кантарион на коцка шеќер и ставете ја во устата.

Кантарионот често се спомнува како природен и здрав лек за депресија. Консумирањето неколку капки, исто така, помага при вознемиреност.

И чајот од кантарион има лековито дејство

Сепак, посебно место зазема чајот, кој има корисен ефект врз нарушувањата на расположението во менопауза, депресија, несоница, менструална болка, но и при многу други заболувања. Чајот од сув кантарион најдобро е да се пие наутро пред јадење и навечер пред спиење. Важно е да се напомене, дека овие препораки се дадени од народот, а модерната медицина има различни правила. Сепак, многумина бараат помош во природата, а кантарионот високо котира на таа скала.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кантарионмасло од кантарион
Претходен напис Како да се заштити виновата лоза од ботритис?
Следен напис Од полноќ повисоки цени на горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?