Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поплавени околу 10.000 хектари земјоделско земјиште во Украина – Растат цените на житарките на берзите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поплавени околу 10.000 хектари земјоделско земјиште во Украина – Растат цените на житарките на берзите
Агровести

Поплавени околу 10.000 хектари земјоделско земјиште во Украина – Растат цените на житарките на берзите

Објавено 08/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откако експлозијата ја уништи браната Нова Каховка на реката Днепар, украинското Министерство за земјоделство објави дека според првичните проценки, се очекува да бидат поплавени околу 10.000 хектари земјоделско земјиште на северниот брег на реката.

Настрадале многу животни кои луѓето се обидуваат да ги спасат од поплавените дворови, плевни и куќи.

Thousands of animals are trapped in the flood💔
Ukrainians never leave those in trouble trying to save every living soul.#StopEcocideUkraine#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/DTB4pBg8Sy

— MFA of Ukraine 🇺🇦 (@MFA_Ukraine) June 7, 2023

Голема закана се и мините кои под водениот бран ќе завршат во некои други подрачја.

Овој регион е познат по производството на просо (10% од вкупното национално производство), соја (8%), пченица, маслинова репка, јачмен (6%), сончоглед и пченка.

Исто така, водата од реката пред уништувањето на браната се користела за наводнување, па се очекува долгорочно да има негативно влијание врз украинското земјоделство, еден од главните извори на приходи за оваа земја, која се уште е важен снабдувач на жито и за домашно снабдување и за извоз во Европската Унија, остатокот од Европа, Азија и Африка.

Цените на пченицата на берзата во Чикаго скокнаа за речиси 4% до 6,47 долари за бушел (221 евра/тон). Цените на пченката се зголемија за речиси 2% до 6,09 долари за бушел (223 евра/тон), што е значително зголемување во споредба со минатата недела.

Според украинското Министерство за заштита на животната средина и природни ресурси, драматичното опаѓање во резервоарот би можело да доведе до еколошка катастрофа, но, што е поопасно, да влијае и на ладењето на реакторите во нуклеарната електрана Запорожје, која се наоѓа на 100 километри североисточно.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:днепарнова каховкаукраина
Претходен напис Времето денеска сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Следен напис Боне Спасовски: Земјоделско осигурување ни е неопходно, на тој начин ќе се заштитиме од големи трошоци кои настануваат поради временските неприлики
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?