Од страна на вработени од ПШС Лопушник- Кичево во соработка со шумската полиција и припадници на МВР во населено место Влашки пат, откриено е и одземено бесправно исечено огревно дрво. Складираното дабово огревно дрво во количина од 31,5 м3 е одземено.
По преземените мерки констатирано е дека дрвата потекнуваат од бесправна сеча и истите се одземени и пренесени во складот на подружницата Лопушник од Кичево.

