Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура на ФАО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура на ФАО
АгровестиШумарство и водостопанство

Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура на ФАО

Објавено 05/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Северна Македонија како 37 членка се приклучи кон Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура (EIFAAC) на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Од ФАО информираат дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски го информирал за одлуката генералниот директор на ФАО, Ку Донгју.

– Македонскиот сектор за рибарство и аквакултура е мал, но важен за земјата, со производство на риба од околу 2. 500 тони годишно.

Аквакултурното производство првенствено се сведува на видови пастрмка и крап, а се одвива во бари, реки и езера.

Министерството има цел да го удвои производството на аквакултура до 2030 година за да ја зголеми домашната обезбеденост со храна во согласност со Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2021–2027 година и Национална стратегија за биолошка разновидност со акциски план (2018–2023), се наведува во соопштението од ФАО.

Според министерот Николовски, членството дава можност за вклучување во регионални проекти за рибарство и аквакултура, пристап до знаење и научни совети, трансфер на градење капацитети и технологии и иновации за аквакултурата.

Постојаниот претставник на Северна Македонија во ФАО, Лидија Попандонова смета дека иновирањето на секторот аквакултура со цел да се зголеми производството на храна од водно потекло и неговата отпорност кон климатските промени е приоритет за земјата.

Таа очекува дека експертите на EIFAAC ќе помогнат да се зајакне технолошкиот капацитет на бизнисите во Северна Македонија за аквакултура и производство на риба на одржлив начин и за обновување на природните води со автохтони видови.

Во наредните години, 37-те членови на Комисијата, меѓу другото, ќе соработуваат за промовирање на иновациите и дигитализацијата и зајакнување на животната средина во руралните средини, како и за поддршка на одржливото управување со природните ресурси и олеснување на отпорноста во секторите храна и земјоделство.

Работата на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура треба да придонесе кон обезбеденоста со храна и намалување на сите форми на неухранетост.

EIFAAC е основана како регионално тело за рибарство од страна на Советот на ФАО во 1957 година и е важен меѓувладин форум за соработка и размена на информации за рибарството во затворени води и аквакултурата меѓу сите европски земји.

Домаќин на следната седница на EIFAAC ќе биде Владата на Хрватска во 2024 година.

– Управниот комитет на EIFAAC, Техничкиот и научниот комитет, членовите и Секретаријатот ја поздравуваат Северна Македонија како нова членка и се радуваат на развивање силни односи со земјата во врска со рибарството во затворени води и аквакултурата, стои во соопштението од ФАО.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:аквакултурарибарство
Претходен напис Пчеларите од Кумановскиот регион се загрижени за сезоната поради секојдневните врнежи
Следен напис Бабовски: Со законски измени ќе се воспостави систем за контрола на размножувањето на кучиња
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?