Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Националниот парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Националниот парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација
АгровестиШумарство и водостопанство

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Националниот парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

Објавено 31/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со поставување на табли, но и со интернет апликации, граѓаните ќе се информираат за можноста и забраните за движење со моторни возила во секоја од зоните во националниот парк Шар Планина. Таблите се подготвуваат во дирекцијата на установата, а ќе се поставуваат на влезовите во националниот парк.

-На таблите е посочено моторно возило кај има право и кај нема право да се движи. Секако во Национален парк има и зони во кои не е дозволено да се движат моторни возила. Од друга страна навиката на Шар Планина била таква што секој одел кај сакал со моторно возило или пак кај можело да оди моторното возило. Сега тоа нема да биде целосно возможно, ние откако ќе бидат ставени овие табли на сите влезови, ако успееме да ставиме на сите влезови, многу влезови има на Шара, од Јажинце па до Дуф има 90 до 100 влеза, изјави директорот Ибрахим Дехари.

На новинарско прашање дали ќе се регулира движењето на моторцикли со четири тркала, кои сега масовно се користат а имаат и деструктивно дејство врз природната околина, директорот рече дека со нив ќе се постапува исто како со сите моторни возила.

-И тие спаѓаат во категорија моторни возила, се спрема и друга апликација со што моторните возила или пак возила што загадуваат ќе има наплата за тие возила при влез во национален парк. Тие што живеат на подрачјето нема да плаќаат во Националниот парк надомест за загадување. Иако платат ќе се движат само по дозволените патеки низ точно наведени локации, рече Дехари.

Од установата потсетуваат дека чуварската служба има ингеренции да изрече мандатна казна за оние посетители кои не се придржуваат кон правилата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:шар планина
Претходен напис Листа на потребни документи за остварување на правото на користење на средства од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година
Следен напис Ќе се уредува речното корито на реката Серава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?