Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заштита на виновата лоза од болести и штетници во сите фази од развојот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заштита на виновата лоза од болести и штетници во сите фази од развојот
АгровестиРастително производство

Заштита на виновата лоза од болести и штетници во сите фази од развојот

Објавено 31/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Виновата лоза ја напаѓаат голем број болести и штетници, кои се во состојба да го уништат целото производство. За спречување на несаканите последици, неопходно е целосно да се применат сите потребни мерки за заштита. Заштитата започнува по завршување на зимската резидба, со отстранување на орежаните делови од пењушката и нивно спалување.
Од болести и штетници кои треба превентивно да се сузбиваат после резидбата се: црната пегавост, пепелница, бактериози, грињи, акаринози и еринози.

Уште во фазата на мирување, или најдоцна до фазата на влакнести окца, препорачлива е употребата на бакарни препарати кои може да се комбинираат со сулфурни кои дејствуваат на
презимената пепелница, а во зголемена концентрација и на ерифидните грињи. Важен момент при третирањето, е добро да се искапат сите делови од лозата. Од инсектициди во овој период се користат: бело и црвено масло и др.


Од појавата на лисја па се до прошарување на грозјето, заштитата во лозјата се извршува против следните болести: пламеница, пепелница, црна пегавост, сиво гниење на грозјето, црвена палеж на лисјето и разни бактериози.
Од штетници против кои се преземаат мерки за заштита во наведениот период се:
акаринози, жолт и црвен овошен пајак, цигараш, лисни вошки, лозов трипс, цикади, гроздови молци (жолт и пепелав) и др.
За заштита од пламеницата во време на вегетација се користат фунгицидите:
Антракол ВП-70, Антракол кпмби, Микал премиум-Ф, Микал флещ, Профилер и др.

Заштитата од црната пегавост, црвената палеж на лисјето и сивото гниење на грозјето се
извршува со истите фунгициди кои се користат за пламеницата.
За ублажување на штети од појава на црната пегавост и сивото гниење, во локалитетите каде што истите се присутни во поголем обем во лозјата, препорачливо е намалена употреба на азотни минерални ѓубрива, во количини што не ја надминуваат границата од 50 кг/ха.

Советник Стеван Стојковски, Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:винова лозазаштиташтетници
Претходен напис Мини киви – овошје идеално за органско производство
Следен напис Листа на потребни документи за остварување на правото на користење на средства од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?