Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен јавен повик за микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Објавен јавен повик за микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци
АгровестиЈавни огласи и повици

Објавен јавен повик за микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци

Објавено 29/05/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на барања за финансиска поддршка за микро земјоделски производители на алкохолни пијалаци од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци за 2023 година.

Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства на МЗШВ кои се регистрирани како производители на вино со максимален капацитет на производство до 50.000 литри годишно или земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства на МЗШВ и кои се регистрирани во Електронскиот регистар во Царинската управа како Земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци или регистрирани во Електронскиот регистар во Царинската управа како независни производители на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии согласно Правилникот за начинот на оданочување со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи.

Право на учество немаат субјектите кои биле корисници на финансиска поддршка и им биле доделени средства од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино од 2022 година.

На следниот ЛИНК се наоѓаат условите кои треба да се исполнат за учество на јавниот повик и документите што треба да се достават кон Барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 30 дена од денот на објавување на јавниот повик на страницата на МЗШВ.

Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 300.000,00 денари по корисник без вклучен ДДВ за следните намени:

-трошоци за набавка на опрема за производство на жестоки алкохолни пијалаци (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) во висина до 90% и/или
-трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на алкохолни пијалаци) во висина до 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

НА ЛИНКОТ може да прочитате повеќе за јавниот повик, деталите, начините и критериумите за аплицирање

За повеќе информации околу повикот и подготовка на апликации можете да се обратите во #КанцеларијаАгротим на телефонските броеви – 070/ 267- 789, 071/ 285- 385, 071/ 225 – 345

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:алкохолни пијалацидестилериијавен повикмали винарии
Претходен напис Трагедија во Куманово – Едно лице загина откако малолетничка која возела трактор излетала од патот
Следен напис Поскапуваат Евросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?