Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Боне Спасовски: Земјоделско осигурување ни е неопходно, на тој начин ќе се заштитиме од големи трошоци кои настануваат поради временските неприлики
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Боне Спасовски: Земјоделско осигурување ни е неопходно, на тој начин ќе се заштитиме од големи трошоци кои настануваат поради временските неприлики
Агровести

Боне Спасовски: Земјоделско осигурување ни е неопходно, на тој начин ќе се заштитиме од големи трошоци кои настануваат поради временските неприлики

Објавено 08/06/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделското осигурување, особено осигурувањето на посевите, постои во многу држави како институционален одговор на тековните ризици кои го придружуваат земјоделството производство. И нашата земја ги следи светските искуства и се стреми кон воспоставување на земјоделски осигурителен систем со цел да се заштити земјоделското производство. Законот за задолжително земјоделско осигурување треба да стапи на сила во 2024 година. Новиот концепт на земјоделско осигурување кој го работи МЗШВ предивидува формирање на осигурителен пул, чија цел ќе биде осигурување на земјоделското производство на сите земјоделци. Како што информираат од МЗШВ, новиот закон е брзо и подобро системско решение преку кое земјоделците исплатата на настанатата штета ќе ја добиваат во текот на истата година кога е настаната штетата.

Висината на полисите ќе ја утврдува државата и со нив ќе се опфатат повеќе ризици од што опфаќаат досегашните полиси, а обесштетувањето ќе се врши само преку Пулот за земјоделско осигурување.

Боне Спасовски од село Виничани, Општина Градско обработува 3 хектари лозје, 7 хектари овошни насади, од кои претежно кајсии, сливи и праски, 1,5 хектар житарки и имаат 10 пластеници со раноградинарска култура – пиперка.

-Сметам дека задолжителното земјоделско осигурување е добра работа и дека на тој начин ќе се заштитат земјоделците од големи трошоци кои настануваат на земјоделските посеви поради временските неприлики. Јас досега не сум имал поголеми загуби поради временските неприлики, но мислам дека понекогаш ние самите земјоделци сме малку несериозни, чекаме да се случи штета, па после осигуруваме. Со задолжителното осигурување, сите земјоделци ќе бидеме под иста капа, а нашето производство ќе биде сигурно – вели земјоделецот Боне Спасовски од село Виничани, Градско.

И другите земјоделци со ист позитивен став во врска со задолжителното земјоделско осигурување.

-Доколку цената е навистина симболична, тоа е повеќе од одлична шанса да имаме нешто што ќе ни го осигура нашето производство – вели земјоделец од битолско Егри, а и останатите земјоделците од селото на средбата што се одржа таму, едногласно го поздравуваат законот.

-Би одел и со поголема процентна вклученост, за поголема премија, на, според мене, поризични култури, како пиперката пример – рече еден земјоделец.

-Ние сакаме фер игра, со цело срце и душа ќе осигураме, зарем ние не сакаме да спиеме мирно? – беше еден од коментарите на земјоделците.

-Тоа што земјоделското осигурување станува задолжително според мене е добра идеја, ако некој си го цени својот труд треба и да си го заштити – вели земјоделец од Прилеп.

Пчеларите покажаа интерес да помогнат со свои сугестии како законот да биде уште подобар.

Целта на новиот закон е да се воспостави систем на осигурување, кој ќе обезбеди ефикасен, брз и економичен пристап на заштита на лицата кои се занимаваат со земјоделство од ризиците предизвикани од временски непогоди и други настани.

-Штети сме имале многу, еве од 2019 се уште не сме исплатени, но свесни сме дека државата, без разлика на политичка припадност, не може вечно да не обесштетува – вели земјоделец од Битола.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:егриземјоделско осигурувањелозовомусалевски
Претходен напис Поплавени околу 10.000 хектари земјоделско земјиште во Украина – Растат цените на житарките на берзите
Следен напис Одбележан Светскиот ден за безбедност на храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?