Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Проект „Жените пчелари како двигатели на позитивни промени во Северна Македонија“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Проект „Жените пчелари како двигатели на позитивни промени во Северна Македонија“
Агровести

Проект „Жените пчелари како двигатели на позитивни промени во Северна Македонија“

Објавено 22/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Проектот „Жените пчелари како двигатели на позитивни промени во Северна Македонија“, ќе биде промовиран утре со почеток во 10:30 часот во Занаетчискиот дом во Куманово, информираа денеска од Центарот за развој на североисточниот плански регион Куманово. На промоцијата на тригодишниот проект, финансиран од Министерството за надворешни работи на Словенија ќе присуствуваат градоначалници, претставници од образовни институции, од организации од областа земјоделство и пчеларство, подрачни единици на министерства, граѓани, пчелари.

АДРА Словенија е главен изведувач на Министерството за надворешни работи на Словенија, а АДРА Македонија е локален партнер за спроведување. Проектот има за цел да ги зајакне пчеларските семејства во областа на органското пчеларство со акцент на вклученоста на жените и младите од руралните средини каде што доминира земјоделството како индустрија во Североисточниот и Вардарскиот регион на Северна Македонија кои сè со висок степен на емиграција во градовите.

Со проектот се очекува да бидат опфатени 50 жени пчелари, од двата региони кои се обучени да стопанисуваат во областа на органското пчеларство, да се едуцираат за маркетинг и продажба на мед, да се воспостават 25 пчеларници отпорни на екстремни временски услови. Преку проектот ќе се формира медоносен научен пчелен парк за првпат од таков тип на Западен Балкан за едукативни цели и промоција на женското претприемништво во областа на органското пчеларство.

На настанот ќе се обратат претставници од АДРА, градоначалници од двата региони и пчелари.

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:Жените пчеларипромениСеверна Македонија
Претходен напис Променливо облaчно и топло до крајот на неделава
Следен напис Од полноќ поскапуваат горивата
1 коментар 1 коментар
  • Весна напиша:
    на 22/05/2023 г. во 12:40 часот

    Како да се пријавиме за учество и дали во Берово ќе има презентација ?

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?