Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Доделени 67 договори за локални манифестации, саеми и фестивали со 10 милиони денари од МЗШВ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Доделени 67 договори за локални манифестации, саеми и фестивали со 10 милиони денари од МЗШВ
Агровести

Доделени 67 договори за локални манифестации, саеми и фестивали со 10 милиони денари од МЗШВ

Објавено 19/05/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За 67локални манифестации, саеми и фестивали денеска беа доделени договори за финансиска поддршка од Министерството за земјоделство и шумарство. 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски  информираше дека за оваа финасиска поддршка се одвоени 10 милиони денари. Тој на доделувањето на договорите изрази задоволство што оваа година се опфатени поголем број локални настани кои се со промотивен карактер и со силни пораки за зачувување на традицијата, локалните обичаи, домашната храна, земјоделското производство, автохтоните раси, екологијата и природните убавини.

-Дури 67 локални настани со финансиска поддршка од министерството, наспроти 49 во 2022. Ова ме прави среќен, ми потврдува дека кога се има стратегија и добри мерки, кога се креираат добри политики за развој, тогаш луѓето кои сакаат да работат го искажуваат целиот свој потенцијал. Затоа оваа година имаме зголемување за 18 нови локални манифестации, кои за прв пат ќе се одржат со наша поддршка. Нова можност за речиси сите општини во државава, рече Николовски. 

Министерот соопшти дека поддршка добиле и жените фармери, дека ќе биде промовирано и Мариово како „Оаза за органска храна“, а оваа година ќе има и „Вино на штикли“.

-Сето ова ќе придонесе за поголема туристичка посетеност, афирмација на нашата држава и промоција на познати и непознати дестинации идеални за рурален туризам, а ги имаме многу, оцени Николовски.

Додаде дека изминатите години преку ваквата поддршка биле изградени многу брендови, односно добро познати манифестации, а како приемер ги посочи „Поречки фармер“, „Кратовска компиријада“, „Вкусот на Буково“, „Тиквешки Вински салон“, „Валандовска ракијада“, „Преспански јаболкобер“, „Ден на млекото“, „Ден на празот“, „Денови на медот“ и многу други.

-Сите тие се исти, а истовремено и различни. Ја слават храната- она што ни е дар од природата, ја слават традицијата – она што ни е наследство од нашите баби и дедовци, го слават животот- она што ни е дар од Бога. За да остане запишано во нашата колективна меморија, во нашите гени, дека животот под ова сонце е привилегија, рече Николовски.

Посочи дека министерството ги поддржува малите производители, се грижи за создавање на домашни брендови кои преку ваквите настани на истите им е овозможена промоција.

Потсети дека руралните жени добиваат постојана поддршка, а за првпат имаат можност она што го произведуваат да прерасне во бизнис кој ќе придонесе за економијата на државата.

-Руралните жени, конечно добија можност, она што го произведуваат по рецепти наследувани од генерација на генерација, да го преточат во вкусни ајвари, џемови, слатка, маџун, масла, сирење, мед, путер и многу други производи кои сега легално ги продаваат и придонесуваат кон домашната економија. На пример, нашиот ајвар оваа година достигна рекорден извоз. Затоа, упатувам порака до сите вас, останете посветени на своите идеи, а ние ќе бидеме тука за да ги постигнете целите, а потоа заедно ќе се радуваме на сите нови успеси, порача министерот.

Истакна дека локалните манифестации носат голема одговорност, а тоа е да бидат самоодржливи, да имаат висок позитивен импакт врз пошироката јавност, да допрат до целната група на локални производители и силно да ги промовираат културата и традиционални вредности.

Ѕвонко Херцег во име на Македонска асоцијација на сомелиери – Масом Декандер ја истакна важноста на соработката меѓу сите сектори 

Со поддршка на МЗШВ првпат ќе се одржат нови настани, меѓу кои и „Macedonian spirit festival“.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:договориМЗШВсаемифестивали
Претходен напис Бектеши: По направените анализи ќе се носи одлука дали ќе има ново замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот
Следен напис Повторно функционира добиточниот пазар во Куманово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?