Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен јавен повик за поднесување на барања за поддршка на развојот на земјоделските задруги
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Објавен јавен повик за поднесување на барања за поддршка на развојот на земјоделските задруги
АгровестиЈавни огласи и повици

Објавен јавен повик за поднесување на барања за поддршка на развојот на земјоделските задруги

Објавено 17/05/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го објави јавниот повик од новата Програма  за поддршка на развојот на земјоделските задруги за 2023 година.

Ова е нова програма, која за прв пат е донесена оваа година и со нејзиното спроведување се очекува системско подобрување на работењето на земјоделските задругите и развој на задругарскиот сектор со зголемување на нивната пазарна конкурентност.  Ова ќе придонесе земјоделските задругите да си го најдат своето место во секторот. Ќе се создадат силни задруги кои ќе бидат пример за добра пракса кај нас, а со тоа ќе се поттикне интересот на земјоделците за нивно зачленување во земјоделските задругите.

На јавниот повик право на учество имаат земјоделските задруги кои се запишани во Регистарот на земјоделски задруги во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Висината на финансиската поддршка согласно Програмата за поддршка на развојот на земјоделските задруги за 2023 година изнесува најмногу до 700.000,00 денари по корисник со вклучен ДДВ за трошоци за набавка на механизација и опрема за инвестиции за примарно земјоделско производство и најмногу до 1.500.000,00 денари по корисник со вклучен ДДВ за трошоци за набавка на опрема, маркетинг услуги и услуги за достигнување на стандарди за инвестиции за преработка на земјоделски производи.

Доделувањето на неповратна финансиска поддршка се врши врз основа на следните критериуми кои се бодуваат според број на вработени во земјоделската задруга; број на членови во земјоделската задруга; имот (земјиште) или пчелни семејства кои ги користат членовите на земјоделската задруга; поседување на недвижни и/или подвижни ствари или договор за закуп на недвижни и/или подвижни ствари поврзани со реализација на бараните проектни активности; вкупен приход на земјоделската задруга од Билансот на успех за 2022 година; број на планирани нови работни места утврдени од деловниот план поврзани со потребата од бараните проектни активности; учество на жени и млади земјоделци во вкупниот број на членови на земјоделската задруга; млад земјоделц до 40 години; жена земјоделка и земјоделски задруги со седиште во рурални средини лоцирани во “Планински” области (над 700 м). 

Најголем број на бодови што може да ги добие земјоделската задруга изнесува 100 бода.

Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка согласно овој јавен повик и Програмата. 

Барањето заедно со документите се доставува во затворен плик преку препорачана пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети број 2, 1000 Скопје или со предавање во писарницата на Министерството секој работен ден од 9.00 до 15.00 часот.

Крајниот рок за поднесување на барањата е заклучно со  17 јуни 2023 година.

За сите детални информации посeтете ја веб страната на министерството на следниов линк: 

https://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2969

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:земјоделските задруги
Претходен напис Рекордна жетва на маслодајна репка во Украина – На кои пазари ќе заврши?
Следен напис Утре истекува договорот за украинското жито, неговото продолжување под знак прашалник
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?