Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнаа градежни активности за минихидроцентралата Мала Река кај Кочани, граѓанските здруженија реагираат за користењето на локалниот пат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнаа градежни активности за минихидроцентралата Мала Река кај Кочани, граѓанските здруженија реагираат за користењето на локалниот пат
АгровестиШумарство и водостопанство

Почнаа градежни активности за минихидроцентралата Мала Река кај Кочани, граѓанските здруженија реагираат за користењето на локалниот пат

Објавено 17/05/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градежна механизација и работници ги почнаа подготвителните работи за изградба на мини хидроцентралата Мала Река кај браната Гратче кај Кочани. Активностите се однесуваат на пробивање пристапен земјен пат до локацијата на која треба да се гради објект за електромашинскиот дел на хидроцентралата и за поставување на цевководот.

Според одговорните лица во фирмата изведувач, градежните работи треба да завршат до крајот на оваа година и според планираната динамика тој рок ќе биде испочитуван.

Почетокот на градежните активности ги алармираше граѓанските еколошки здруженија од Кочани, кои на прес-конференција исталнаа дека неколку години се спротивставуваат на какви било интервенции во околината на браната Гратче. Минатата година поднеле и барање до Основното јавно обвинителство за преиспитување на документација што му е издадена на инвеститорот, но тоа оценило дека нема законски пречки за реализација на проектот.

-Ние и понатаму остануваме на нашиот став дека не треба да се гради мини хидроцентрала на Мала Река, затоа што со тоа ќе се деградира шумскиот појас и ќе се уништат минималните водни ресурси. Очигледно е дека институциите се прават глуви и слепи за сите апели од граѓаните, со оправдување дека е веќе доцна тоа да се спречи, затоа што биле издадени потребните дозволи од сите државни и локални институции. Никој не кажува зошто и како се издадени тие документи и зошто се дозволува да се користи асфалтниот пат до браната за приватни градежни активности, иако имаше забрана за негово користење за превоз на тешката градежна механизација. Сега ни кажуваат дека ќе се плаќала казнена отштета ако не му се дозволи на инвеститорот да гради, иако не постои цена што треба да се плати, а што е поскапа од здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина, истакна Зоран Тодоров од граѓанскиот одбор „За здрав живот во Кочани“.

Од надлежните инспекциски служби во Општина Кочани потврдија дека е направен увид во сите дозволи за мини хидроцентралата кај Мала Река и нема никакви правни и други пречки да се одложуваат или забранат градежните работи. Во согласност со тоа, ќе биде издадена и дозвола за привремено користење на локалниот пат, а локалната самоуправа, во рамки на законските прописи, ќе бара надомест за оштетувањето и санирањето на коловозот и другата инфраструктура.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кочанимала рекахидроцентрала
Претходен напис Членови на здружението „Ж’та“ од Кавадарци со награди за ракија на меѓународен натпревар во Србија
Следен напис Обилните врнежи го зголемија нивото на Вардар кај Јегуновце, во Скопје и во Велес
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?